Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

Додека еден човек го средувал својот нов автомобил, неговата 4-годишна ќерка земала камен и го изгребала страничниот дел на автомобилот. Лутиот и гневен човек, ја земал раката на девојчето и ја удрил неколку пати, без да сфати дека ја удира со клуч за затегнување. Девојчето завршило во болница и поради голем број фрактури ги изгубило сите прсти.

Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

Кога девојчето видело што ѝ направил нејзиниот татко, со тажни очи прашало: Тато, кога ќе ми пораснат пак прстите?“ Кога го слушнал ова прашање, мажот останал без зборови и со скршено срце. Токму затоа и се вратил кај својот автомобил и многу пати удрил во него. Очаен од тоа што го направил, тој седнал покрај автомобилот и ги погледнал гребаниците. Неговата ќерка напишала: Те сакам тато.

Поука: Запомнете, ниту гневот ниту љубовта имаат граници. Исто така обидете се да не заборавате дека нештата треба да се користат, а луѓето да се сакаат. Проблемот со денешниот свет е дека луѓето се користат, а нештата се сакаат…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Lots of grammar nazism Reply

    Learn the difference between фактура и фрактура.

Остави коментар