Зошто гневот и лутината не треба да се сметаат за „негативни“ емоции?

Зошто гневот и лутината не треба да се сметаат за „негативни“ емоции?

Ставот дека некои емоции како лутината и стравот се лоши, едноставно е погрешен. Со други зборови, таквото верување е само производ на вашите мисли. Лутината како и сите други емоции, всушност, се обидува да ви го привлече вниманието и да ве оттргне од вашата вистинска природа. Во продолжение ќе направиме детална анализа на гневот и ќе се обидеме да откриеме зошто се смета за негативна емоција.

Зошто гневот и лутината не треба да се сметаат за „негативни“ емоции?

Ниту една емоција не е негативна

Сигурно не ви е прв пат да слушнете дека сите емоции се наши сојузници. Тие играат голема улога во нашата сложена човечка структура. Емоциите можат да бидат и потсвесни сигнали за промена во вашето тело или непосредна околина. Тие ги насочуваат вашите хормони, невротрансмитери и други телесни процеси кои, пак, предизвикуваат одреден телесен одговор на специфичен тип на промена.
На пример, стравот е сигнал за несигурност и потенцијална ранливост. Тој укажува дека нешто се променило во однос на вашиот однос со околината или во интеракцијата со другите. од друга страна, стравот и ви укажува да обратите внимание и да утврдите што се случило, како и каква акција треба да преземете. Таквата состојба на подготвеност ги зголемува шансите да преживеете или да напредувате.

Зошто лутината всушност ви е пријател?

Можеби ви звучи неверојатно, но дури и лутината може да ја сметате за пријател, а еве зошто е тоа така:

1. Ни помага да ги поставиме нашите граници

Сите ние си поставуваме граници, било во личен било во професионален контекст, но понекогаш сме спремни да направиме компромис. Некои од нив се свесни, некои не. На пример, понекогаш можете да почувствувате отпор во самите вас, без да знаете зошто. Почетните изрази на гнев како фрустрација и здодевност, укажуваат на некаква одбивност кон ситуацијата која го надминува она што ние самите го сметаме за пожелно, разумно или толерантно. Интензивните изблици на гнев, пак, се појавуваат кога ние или другите ги потиснале тие граници. Затоа, обратете внимание на почетните знаци на гнев за да ги избегнете поинтензивните реакции. На тој начин навремено ќе дојдете до решение.

2. Гневот може да биде заштитнички

Честопати гневот може да се јави како резултат на скршено срце, страв, предавство или тага. Гневот е вашата спонтана реакција во моментот кога сметате дека вашите природни емоции предизвикуваат непријатен или заканувачки одговор од другите. Од друга страна, маскирањето на гневот може да заврши со негативни последици врз вашето здравје.

3. Наместо да го чувате во себе, ослободете се од гневот

Гневот е најчесто поврзан со одбраната, или со нашата потреба за одбрана од другите. Иако огорченоста и гневот се чинат „побезбедни“ бидејќи ги задржуваме внатре во нас, сепак, токму тоа може да предизвика страшен хаос врз нашето ментално здравје.

Откако прочитавте зошто лутината и гневот не треба да ги сметате за негативни емоции, ви препорачуваме да прочитате и за одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар