Кога почнуваме да ги критикуваме другите, се критикуваме и себеси!

Кога почнуваме да ги критикуваме другите, се критикуваме и себеси!

„Секогаш почнуваме од себе. Ги гледаме другите луѓе онака како што ние сакаме и врз основа на нашите искуства, а не секогаш такви какви што навистина се“ – Имануел Кант

Ниската самодоверба го спречува човекот објективно да ги суди луѓето околу него. Овој феномен се нарекува негативна проекција и тоа е заштитен механизам со кој ги препишуваме нашите недостатоци и слабости на другите луѓе.

Кога почнуваме да ги критикуваме другите, се критикуваме и себеси!

Наместо да ги прифатиме сите наши негативни особини, емоции и околности, ние им ги припишуваме на луѓето околу нас, бидејќи така е многу полесно. Се заштитуваме со системот на негативна проекција.

За да се ослободиме од оваа навика, потребно е да работиме на личниот развој и да поставиме јасни граници помеѓу она што е реално и она што некому му го припишуваме. Така ќе го надминеме конфликтот што се случува во нас самите.

Ние ги проектираме нашите недостатоци врз другите со цел да одржиме позитивна визија за себе. Самопочитта и заштитните механизми играат фундаментална улога во заштитата на егото. Таканаречените его одбранбени механизми се стратегии кои потсвесно ги користиме за да одржиме позитивна перцепција за себе.

Човечкиот мозок има развиено различни начини да се брани од она што може да биде премногу болно или неприфатливо.

Таквите механизми нè штитат од признавање на негативните аспекти на нашата личност. Проблемот настанува кога овие механизми ќе станат автоматски и ќе почнеме да ги користиме секојдневно. На тој начин ја искривуваме реалноста под влијание на сопственото его кое нема позитивен исход.

Така, кога ќе почнеме да мислиме дека сите околу нас се полни со омраза, завист и сите други негативни особини, време е да ги преиспитаме нашите животи и мисли.

Кога непотребно почнуваме да ги критикуваме другите луѓе, веројатно на тој начин се критикуваме и себеси или како што рекол Буда:

„Сè што ве нервира кај другите луѓе е само проекција на вашите лични нерешени внатрешни проблеми“

Откако прочитавте зошто понекогаш непотребно ги критикуваме другите, можеби ќе сакате да прочитате и за големите мудрости од мистичните индиски веди.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар