Кои знаци ќе ви укажат дека имате токсични пријатели?

Кои знаци ќе ви укажат дека имате токсични пријатели?

Пријателите имаат големо влијание врз нашите животи. Кога имаме стабилни, здрави и цврсти пријателски врски, нашиот живот е побогат и поздрав.

Кои знаци ќе ви укажат дека имате токсични пријатели?

Меѓутоа, ако имате токсичен пријател, негативноста и лошите намери може да имаат исклучително негативно влијание врз квалитетот на вашиот живот. Она што ги издвојува токсичните пријатели е тоа што им недостасуваат 3 клучни квалитети: лојалност, поддршка и разбирање. Овие знаци ќе ви укажат на фактот дека имате токсични пријатели.

1. Тие се натпреваруваат со вас

Иако е добро да се дружите со луѓе кои ве тераат да бидете подобри, може да биде проблематично доколку тие почнат да се натпреваруваат со вас.

2. Ве озборуваат

Лажните/токсични пријатели шират чувствителни (а понекогаш и лажни) информации за вас зад вашиот грб. Затоа, треба да бидете особено внимателни доколку решите да им се доверите.

3. Не водат сметка за сопствените зборови

Можеби од љубомора или во обид да го смират своето его, токсичните пријатели ќе кажат работи што ќе ве повредат и ќе направат да се чувствувате полошо.

4. Го омаловажуваат вашиот успех

За нив, вашите достигнувања секогаш ќе бидат тривијални, мали и безначајни.

5. Ве критикуваат

Дури и кога ќе завршите одлична работа, токсичниот пријател ќе најде начини да ви најде вина и да ја омаловажи вашата работа – нивната критика може да биде деструктивна и обесхрабрувачка.

6. Остро ве осудуваат кога ќе згрешите

Тие можат да ве измачуваат поради вашата несигурност, грешки или лоши проценки. Всушност, тие можеби дури и се радуваат на нив.

7. Љубоморни се

Тие стануваат љубоморни кога не можат да го добијат она што вие го имате.

8. Се лутат

Тие никогаш нема да ви простат доколку сте им згрешиле.

9. Ве напуштаат без грижа на совест

Токсичните пријатели не се грижат низ она што поминувате и ве оставаат кога ви требаат најмногу.

10. Ви ја трошат енергијата

Откако ќе поминете време со нив, ќе се почувствувате како сета животна енергија да е исцедена од вас и тоа поради нивните фрустрации.

11. Покажуваат непочитување и ве лажат

Тие не се грижат за вашите чувства, а со нивната завист доаѓаат непочитувањето и лагите.

12. Остануваат одвоени и самозадоволни

Лажните пријатели имаат тенденција да вложуваат малку или никаков напор за подобро да ве запознаат. Тие не се грижат за пријателството и не им е грижа дали врската ќе заврши или продолжи.

13. Тие се љубоморни на другите ваши пријатели

Ним им пречат сите други луѓе околу вас кои ги доживуваат како конкуренција.

14. Тие се лицемери

Иако остро ве осудуваат за вашите грешки, нема да чувствуваат каење, па дури и да ги признаат сопствените грешки и недостатоци.

15. Тие ги преминуваат вашите граници

Или премногу се мешаат во вашиот личен живот или сакаат да ги преземете нивните обврски и да станете како нив.

16. Нема да ве бранат – во ваше присуство или отсуство

Тие дури може да ги споделат вашите тајни со другите и дополнително да ве повредат.

17. Ве искористуваат

Понекогаш ве искористуваат во поглед на емоционалната и/или финансиска поддршка, или едноставно сакаат да имаат корист само од вашата врска и влијание.

18. Вашата интуиција ви кажува дека нешто не е во ред

Ако не се чувствувате безбедно во таа врска, тогаш тоа не е пријателство.

Откако прочитавте за знаците кои можат да ви укажат на присуството на токсични пријатели, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци се токсични пријатели.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар