Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!

Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!

Црниот дроб има улога на фабрика за крв во нашето тело. Учествува во процесот на обновување на крвта при што ја чисти и ги отстранува сите токсини и нечистотии од неа. Помага и во зајакнување и стимулирање на процесот на варење.

Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!

Чистиот црн дроб е еден од клучните елементи за здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.

Најдобар начин да се грижите за здравјето на црниот дроб е секојдневно да го чистите – секое утро на празен стомак пијте по една лажица маслиново масло измешано со лажица сок од лимон. После тоа, можете да уживате во појадокот.

Ова можете да го пиете цел живот без да се плашите од некакви последици со оглед на тоа дека и двете состојки се вообичаена секојдневна храна.

По еден месец, пак, ќе ги почувствувате промените. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе стане свеж, изгледот ќе се подмлади, а дигестивните проблеми ќе станат минато.

Маслиновото масло, како ниеден друг производ, помага да се отворат каналите на црниот дроб и жолчното кесе. Жолчката е активен учесник во процесот на варење и ја забрзува работата на вашите црева.

Од друга страна, корисните својства на лимонот им се добро познати на сите. Лимонот е одличен извор на витамин Ц. Меѓу другото, тој ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол и го помага чистењето и на црниот дроб.

Откако прочитавте на кој начин можете да го одржувате здравјето на црниот дроб, можеби ќе сакате да прочитате и за најдобрата и најлошата храна за црниот дроб.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар