10 нормални работи кои во денешно време не изгледаат така

10 нормални работи кои во денешно време не изгледаат така

Поимот нормално се сведе на поимот просечно, медиокритет, потреба за материјални добра, послушност на диктатот на потрошувачкото општество и лицемерието на лажниот морал. Станавме себични и исплашени за себе и за сопственото преживување. Станавме завидливи и љубоморни, наместо радосни за успехот на другите. Идоли ни се популарните и гламурозни личности, наместо големите и сјајни умови и научници.

Ова е кратка листа на работи кои се нормални, но поради времето во кое живееме стануваат вистинска реткост.

1-10-normalni-raboti-koi-vo-deneshno-vreme-ne-izgledaat-taka-www.kafepauza.mk_

1. Помагање на непозната личност – Отуѓеност. Ова може да го кажеме кога коментираме за настан во кој некоја личност паднала, но никој не ѝ пришол да ѝ помогне. Ако вие сте единствените кои сте пришле да ѝ помогнете, додека десеттина други само гледале или уште полошо – поминувале и ја вртеле главата на другата страна, во нивните очи вие сте тие кои не се вклопуваат и правите тие да се чувствуваат непријатно. Најверојатно тој што паднал е алкохоличар, наркоман, скитник. Па што? Човек е!

2. Преземање одговорност за своите грешки – Кога нешто ќе згрешите нормално е вие први да го забележите тоа и да кажете. На работа, во семејството, во врската, секаде каде што ќе погрешите. Но, преземањето одговорност денес стана екстравагантна и несакана појава, наместо да биде мерило за нормалност.

3. Извинување – Извинување кога некого случајно ќе удрите додека се разминувате, извинување пред некому да му се обратите и извинување кога ќе погрешите нешто или ќе повредите некого. Се извинуваме со цел да го поправиме она што може да се поправи и да се прости. Нормалните луѓе го правеле тоа отсекогаш.

4. Љубезност – Зборуваме за љубезното обраќање кон сите без разлика кои се и за подготвеноста да ги ислушате и да размислите како да им излезете во пресрет, дури и кога некого мора да одбиете, бидејќи не можете да направите нешто. Понекогаш сте направиле доволно со самото тоа што некого сте ислушале, сте го сфатиле сериозно и љубезно сте му се обратиле.

5. Општа култура – Значи да ги следите и да ги познавате современите настани во музиката, книжевноста, политиката, економијата. Да имате љубопитност и редовна активност. Да читате, да одите во кино, да слушате музика, да гледате филмови. Да консумирате содржини кои се надвор од рамките на вашето општество. Да бидете подготвени да разговарате со кого било од која било земја во светот.

2-10-normalni-raboti-koi-vo-deneshno-vreme-ne-izgledaat-taka-www.kafepauza.mk_

6. Отвореност и доверба – Нормално е отворено да им пристапувате на луѓето и да имате доверба во нивните добри намери, само што ова повеќе не е нормално и луѓето се многу недоверливи и воздржани. Ова е резултат од многуте лоши искуства.

7. Чесност и искреност – На чесниот и искрен човек му е навистина незгодно кога околината го гледа како будала и ексцентрик.

8. Изјавување љубов и приврзаност – И љубовта е променета заедно со останатите човечки вредности. Често ги криеме нашите чувства, бидејќи нè прават ранливи и мета на оние кои сакаат да нè повредат.

9. Радост за туѓиот успех – И тоа не мора да биде некој наш близок роднина или пријател. Ако некој успеал во нешто што ние одамна сме сакале да го постигнеме, тоа е дополнителен мотив за нас дека и ние го можеме тоа.

10. Интегритет – Да се биде личност со интегритет значи да се познавате и сакате себеси и да живеете според сопствени правила, и покрај ненормалноста која ја диктираат поголемиот дел од луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар