Подземната река Пуерто Принцеса

Подземната река Пуерто Принцеса е најживописниот дел од истоимениот национален парк на Филипините. Таа тече под планинскиот масив Сент Пол, кој се наоѓа на северниот брег на островот Палаван, пред да се влее во Западното Филипинско Море. Пуерто Принцеса е најдолгата подземна река во Азија, а втора најдолга во светот.

Подземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто Принцеса

Оваа река, всушност, има две имиња. Горниот тек го носи името Кабајуган, извира од планината Блумфилд и тече надолу по нејзините падини, при што нејзините води се користат главно за наводнување на оризовите ниви. Потоа, во долниот тек, реката исчезнува некаде под планината Сент Пол и повторно се појавува во пештерата на националниот парк Пуерто Принцеса како подземна река, по што и го добива името.

Подземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто Принцеса

Егзотичната убавина составена од карстни карпести формации, кристално чиста вода на која се огледуваат сталактитите и сталагмитите во пештерата, како и ендемичниот животински и растителен свет од Пуерто Принцеса создале туристичка атракција, која што веќе е прогласена за едно од седумте светски чуда на природата. Само осум километри од реката се пловни, но се доволни за на посетителите да им бидат достапни организирани тури со чамец преку коишто можат да уживаат во мистичната околина. Задоволството чини околу 30 евра.

Подземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто Принцеса


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар