Спектакуларен природен феномен: Светлечки пештери на Нов Зеланд

Спектакуларен природен феномен: Светлечки пештери на Нов Зеланд

Пештерите Waitomo Glowworm се светска позната атракција која се наоѓа на Нов Зеланд. Станува збор за спектакуларен природен феномен кој се состои од подземни пештери полни со илјадници сини светла – Arachnocampa Luminosa, еден вид на биолуминисцентни црви.

Спектакуларен природен феномен: Светлечки пештери на Нов Зеланд

Светлечките црви привлекуваат милиони туристи секоја година, што ги прави пештерите Waitomo Glowworm една од најпосетуваните туристички дестинации во Нов Зеланд. Пештерите нудат уникатно искуство кое не треба да се пропушти доколку планирате да го посетите островот.

Пештерите Waitomo Glowworm се природно чудо создадено од силите на водата и времето. Биле формирани во текот на милиони години додека подземна река го издлабила својот пат низ варовничките карпи. Денес, посетителите можат да ги истражуваат пештерите и да им се восхитуваат на уникатните форми, вклучувајќи сталактити, сталагмити и подземни водопади.

Постојат многу причини зошто да ги посетите пештерите Waitomo Glowworm. Се работи за сосема уникатно искуство кое нема да го најдете на друго место во светот. Но, освен тоа, посетата на пештерите е можност да се поврзете со природата и да се восхитувате на чудата на природниот свет. Без разлика дали сте искусен авантурист или само барате ново искуство, овие пештери сигурно ќе ве импресионираат.

Откако прочитавте за овие спектакуларни пештери, можеби ќе сакате да прочитате и за преубавиот модерен хотел сместен во стара италијанска пештера.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар