Најдобрите флеш моб настапи

По првиот флеш моб настан во 2003 година, оваа појава стана многу честа и доста популарна. Можеби првиот обид за флеш моб не беше успешен, но набрзо овие настани прераснаа во многу важни социјални збиднувања.

Флеш моб претставува група на луѓе кои се среќаваат на одредено место во одредено време презентирајќи јавен настап со некаква цел. Најчесто, учесниците немаат многу време за подготовка, но нивните настапи изгледаат складно и синхронизирано.Најдобрите флеш моб настапиСо тек на време, флеш моб настапите почнаа масовно да се користат низ целиот свет, со уметничка или едукативна цел, со намера да исмејат одредени навики во општеството, да изразат протест, негодување, да ја разбудат еколошката свест, да ги поттикнат луѓето на акција, или едноставно поради забава.

Ова се едни од најдобрите флеш моб настапи досега, кои ќе ве расположат и ќе направат да посакате да бидете дел од толпата.Најдобрите флеш моб настапи

1. „Замрзнатиот“ Гранд Централ

Овој клип покажува над двесте луѓе кои без никакво објаснување се „скаменуваат“ во Гранд Централ во Њујорк и само по неколку минути исто како ништо да не се случило се „одскаменуваат“ и продолжуваат да одат.

2. Танцот на T-Mobile

Инвентивниот маркетинг трик на оваа компанија уште еднаш направи прекрасна атмосфера и настап за паметење.

3. Флеш моб во Охајо Јунион

Толпа од вработени и студенти во студентскиот центар Охајо Јунион, во текот на еден работен ден изведуваат танц без никаква најава, како вистинско изненадување за нивните колеги и посетители.

4. Звукот на До Ре Ми

Еден од најпозитивните и највеселите флеш моб настапи, кој дефинитивно им го разубави денот како на учесниците, така и на набљудувачите, а бога ми и на нас гледачите на интернет.

5. Во чест на Мајкл Џексон

Во Стокхлом, во два наврати, над 300 танчери му оддаваат почит на човекот кој навистина остави обележје со своето постоење.

6. Флеш моб на концерт

На почетокот на настапот на Блек ајд пис во шоуто на Опра, една енергична девојка е единствената која танцува на музиката. Но, набрзо  ù се придружува останатиот дел од публиката со веќе смислена кореографија.

7. Флеш моб на 100 сингл девојки

Девојките танцуваа на еден од најголемите хитови на Бијонсе. Овој флеш моб се случи во Лондон, а го издвојуваме како еден од најоригиналните.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Баш би сакала да бидам дел до оваа еуфорија :)

Остави коментар