Бијонсе – божица која остава без здив!

Автор: Ели Радеска

Нејзината музика, нејзиниот моќен стил и глас, движењата, самодовербата со која располага и силата со која преовладува на сцена ја прават оваа жена многу повеќе од обична пејачка. Стилот и музиката на Бијонсе се вистинска инспирација за многу стилисти, дизајнери, текстописци, кореографи и музичари. Секоја нејзина песна, секој нејзин настап има содржина и значење. Таа со својата музика пренесува порака, па затоа Бијонсе не е само забавувач, таа инспирира и мотивира, таа е божица која остава без здив!Бијонсе божица која остава без здивБијонсе Ноулс, или целосно име Бијонсе Жизел Ноулс е родена на 4-ти септември 1981 во Хјустон, Тексас. Нејзиниот татко Мејту Ноулс е успешен менаџер, а нејзината мајка Тина Ноулс одличен дизајнер, позната по нејзината модна куќа „Дереон“. Бијонсе е постара сестра на Соланж Ноулс, пејачка, текстописец и актерка.

Членувајќи во различни школи за сценски уметности, често била дел од натпревари во пеење и танцување. Станува славна во доцните деведесетти, откако групата во која е водечки вокал „Destiny’s Child“ ја зголемува популарноста и станува група со најплатени музички хитови. Сигурно ги паметите хитовите: „Jumping jumping“, „Girl“, „Say my name“, „Independent woman“, „Lose my breath“, „Solider“, „Bootylicious“ и многу други.

Во 2002 гостува во филмот „Austin Powers“ играјќи ја улогата на Фокси Клеопатра, а истата година го издава нејзиниот прв соло сингл „Work it out“, како главна нумера на филмот. Наредната година се појавува во романтичната комедија „The Fighting Temptation“ заедно со Куба Гудинг Џуниор, а како песна за овој филм ја снима „Fighting Temptation“ со Миси Елиот.Бијонсе божица која остава без здивВо октомври, 2002 година, во дует со Џеј Зи го сними синглот „Bonnie and Clyde“,  а откако останатите членови на последниот состав на „Destiny’s Child“, Мишел Вилијамс и Кели Роуланд, издадоа свои соло песни, во јуни, 2003 година Бијонсе го издаде својот прв соло албум „Dangerously in love“. Првиот соло албум на Бијонсе се најде на првото место на „Billboard 200“, со продадени 317.000 копии само во првата недела, а до денес се продадени 4,2 милиони копии во САД. Носечки сингл е дуетот со Џеј Зи „Crazy in love“ кој 8 недели по ред беше на првото место на „Billboard Hot 100“ и кој официјално ја обелодени нивната љубовна врска.

Нејзиниот дует со Шон Пол „Baby boy“ на истата таа листа остана на првото место цели 9 недели. На доделувањето на Греми наградите за 2004, Бијонсе освои 5 награди, меѓу кои онаа за најдобра женска изведба, најдобра ар-ен-би песна, како и за најдобар современ албум.Бијонсе божица која остава без здивВо ноември, 2004, трите девојки од „Destiny’s Child“ повторно се здружија за да го издадат нивниот последен заеднички албум „Destiny Fulfilled“, по кој следуваше турнеја која траеше сè до септември, 2005. После тоа беше издаден компилациски албум со нивните најголеми хитови, насловен како „Number 1s“.Бијонсе божица која остава без здивВо 2006 година заедно со неповторливиот Стив Мартин таа глуми во комедијата „Pink Panter“, чии сегменти се појавуваат во официјалниот видео запис за нејзиниот хит „Check on it“. Истата година се појавува во филмскиот хит „Dream girls“ заедно со Еди Марфи, Џенифер Хадсон и Џејми Фокс, каде ликот на Бијонсе е базиран на женската музичка легенда Дијана Рос. На наградите за „Златен Глобус“ во 2007 година, Бијонсе добива награда за најдобра актерка, како и најдобра песна за прекрасната балада „Listen“ која се наоѓа на  саундтракот на „Dream girls“.

Оваа 2006 година е важна година за Бијонсе, бидејќи покрај двете улоги, таа го издава вториот соло албум насловен како „B’day“ кој се продаде во 541.000 примероци во првата недела од издавањето. Самата Бијонсе кажува дека албумот е главно инспириран од сите чувства и емоции кои улогата во „Dream girls“ ги пробудила во неа. Водечки сингл е „Déjà vu“ со Џеј Зи, додека песната „Irreplacable“ од истиот албум, десет последователни седмици остана на првото место на „Billboard Hot 100“. Подоцна, во 2007 година таа издава делукс издание на „B’Day“ каде, меѓу другите е дуетот „Beautiful liar“ со Шакира.Бијонсе божица која остава без здивОна што дефинитивно го достигна врвот на нејзината кариера е албумот од 2008 „I am Sasha Fierce“, кој го претставува алтер егото на Бијонсе – Саша Фирс. Како што и самата кажува, Фирс е нејзиното второ јас, она што Бијонсе се претвора кога ќе застане на сцена:

„Некој друг кој ме презема кога доаѓа време да работам и кога сум на сцена, некое алтер его што сум го создала за на некој начин да ме штити мене и она што навистина сум…” – изјави таа.

Бијонсе божица која остава без здивМагазинот „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за втор најплатен женски изведувач, со заработка од 80 милиони во периодот од јуни, 2007 до јуни, 2008. Од албумот посветен на нејзиното алтер его излегоа хитовите „If I were a boy“, „Single ladies (put a ring on it)“, „Halo“, „Sweet dreams“, „Diva“, „Ego“ и многу други. Она што е карактеристично е тоа што албумот ги нагласува двете страни на Бијонсе. Поделен е во два дела, првиот „I am…“ содржи балади и песни со средно темпо, додека вториот диск „Sasha Fierce“ целосно ја открива сексапилноста на оваа пејачка и се карактеризира со побрзо темпо и со истакнат стил.Бијонсе божица која остава без здивВо 2011 настапува на рок спектаклот „Гластонбери“, тоа ја прави првата жена изведувач која настапила на главната сцена на овој фестивал, и признава дека тоа е вистинско остварување на нејзините соништа. Соло албумот едноставно насловен како „4“ е четвртиот албум на Бијонсе.Бијонсе божица која остава без здивКако што самата тврди, бројот 4 е навистина важен во нејзиниот живот, бидејќи многу важни датуми се поклопуваат со овој број, меѓу кои и датумот на нејзината венчавка со Џеј Зи, 4 април. Многу музички критичари велат дека она што го пее Бијонсе е еден посебен жанр на музика, додека таа вели дека е сè она што таа го сака, помешано заедно. Таа црпи инспирација од многу музички легенди за овој албум, меѓу кои Стиви Вондер и Мајкл Џексон. Хитовите кои ќе го одбележат овој албум се: „Best thing I never had“, „Countdown“, „1+1“, „Love on top“, „Run the world“, „End of time“ и „Party“. Основен елемент на „4“ е истакнатата женственост и моќ.Бијонсе божица која остава без здивТаа во многу наврати за време на презентирањето на песните од најновиот албум, ја спомнува силата на жената, рамноправноста, борбеноста, моќта. Еден од нејзините настапи за „Run the world“ започнува со „Јас сум жена, и она што го мислам морам да го кажам!“ И покрај тоа што помина само месец и пол откако Бијонсе стана среќна мајка на слатката Блу Ајви Картер, таа веќе има планови за наредниот музички албум.Бијонсе божица која остава без здивЗа крај, уживајте во неколку од многуте нејзини моќни настапи:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јасничка Reply

    значи женава е неверојатна, ја обожавам!!!!!! а настапите треба да се погледнат од почеток до крај, неверојатно е што се може да прави додека пее! овој настап посебно ми се свиѓа http://www.youtube.com/watch?v=oNg9mTiFDq8

  2. Свит Reply

    mojot papagal pocnuva da pee koga ke mu ja pustam beyonce…ok ne pee nego crcori ama i toa se racuna

  3. Waldorf Reply

    Божица!

  4. Филип Reply

    Дефинитивно најдобра!!! ЈА ОБОЖАВАМ! :)

Остави коментар