Места во Фиренца кои мора да ги посетите

Фиренца е градот на италијанската уметност и ренесанса, со уникатна атмосфера и богата историја. Доколку некогаш ја посетите, еве ги местата кои не смеете да ги пропуштите за целосно доживување на градот.

Дуомо

(0) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Најпознатата градба која мора да ја видите во Фиренца е катедралата на градот, Санта Марија дел Фјоре, позната како Дуомо. Веднаш до Дуомото се и камбанаријата и баптистериумот, кои исто така вредат да се посетат. Искачете се на врвот на камбанаријата или на Дуомото и ќе добиете прекрасна панорамска глетка на целиот град. Вистинско уживање.

Плоштадот Микеланџело

(1) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Овој плоштад е изграден во чест на Микеланџело. Доколку сте по пешачењето, тоа е вистинското место за вас. Совршен е за панорамски поглед на Фиренца. Одете со пријателите, земете си малку вино и уживајте во прекрасното зајдисонце.

Понте Векио (Стариот мост)

(2) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Не само што е најпознатиот мост во Фиренца, туку е и едно од најдобрите места за шопинг во градот. И од тука имате одличен поглед и совршена позадина за една убава фотографија. Наоколу има многу продавници за накит, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Статуата Давид на Микеланџело

PENTAX Image

И додека има многу копии од оваа статуа, најоригиналната и најспектакуларната се наоѓа во Академската галерија. Во Академијата има безброј убави уметнички дела, но главна атракција е секако, статуата Давид.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Деа Reply

    Ова сигурно ви е инспирирано од ”Инферно” од Ден Браун 😀 Баш сега ја читам и ја опишува Фиренца, и се’ сакам да посетам! СЕ ОД ОВА

Остави коментар