Како познатите брендови го добиле своето име

Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.
Како познатите брендови го добиле своето имеНавистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.

Како познатите брендови го добиле своето име

Apple

Во 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси.

Како познатите брендови го добиле своето име

Adobe

Adobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок.

Како познатите брендови го добиле своето име

Google

Дали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”.

Како познатите брендови го добиле своето име

Hewlett Packard

Познатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка.

Како познатите брендови го добиле своето име

Mercedes

Познатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји.

Како познатите брендови го добиле своето име

Pepsi

Пијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата.

Како познатите брендови го добиле своето име

Intel

Дали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”.

Како познатите брендови го добиле своето име

Sony

Овој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен.

Како познатите брендови го добиле своето име

Yahoo

Овој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”.

Како познатите брендови го добиле своето име

Adidas

Искрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар