Како познатите брендови го добиле своето име
Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.
Навистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.
![]() |
AppleВо 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси. |
![]() |
AdobeAdobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок. |
![]() |
Дали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”. |
![]() |
Hewlett PackardПознатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка. |
![]() |
MercedesПознатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји. |
![]() |
PepsiПијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата. |
![]() |
IntelДали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”. |
![]() |
SonyОвој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен. |
![]() |
YahooОвој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”. |
![]() |
AdidasИскрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер. |