13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомаче

13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомаче

Ако ги погледнете насловните на списанијата, сигурно во поголемиот дел од нив ќе забележите дека има совети со чија помош можете да го намалите и зацврстите вашиот стомак. Исто така, сите модели на нивните страници се со извајано тело и совршено затегнат стомак. Но, во реалноста не постои Фотошоп кој може да го израмни нашиот стомак и да ги отстрани дури и најмалите несовршености од него. Токму затоа и треба да научите како да го сакате своето тело, во целост, вклучувајќи го и вашето меко стомаче. Еве зошто…

13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомаче

1. Тоа го држи вашиот лаптоп додека гледате ТВ серии. Со едната рака стискате на следната епизода, додека пак, со другата јадете чипс.

2. Тоа ви докажува дека доволно сте јаделе. Ако не си легнувате во кревет гладни, тогаш сте посреќни од повеќето луѓе на овој свет.

3. Исто така ви кажува и кога сте гладни. Специфичниот звук кој излегува од него кога сте гладни може да ве разбуди дури и од најдлабокиот сон и да ве натера да го отворите фрижидерот.

4. Доколку немате голем задник, вашиот стомак помага да не ви паѓаат фармерките со висок струк. Зарем има нешто полошо од задник кој надзира над свлечените фармерки?

5. Имате место каде да го носите вашето бебе, еден ден во иднината. Бебето можеби ви изгледа како лош избор во моментов, но со тек на време ќе бидете благодарни на малото човече што ќе расте во вашиот стомак.

6. Тоа служи како поддршка за корпата со алишта која треба да ја качите по скали. Вие едноставно треба да искористите сè што ви излегува во пресрет.

7. Исто ви помага и со носењето кеси од маркет. Вашите раце не можат сами да носат млеко, портокали, замрзнато овошје и две кутии колачиња!

8. Вие сте жена и стомакот ви овозможува да имате облини. Облините се одлични, без разлика дали се кај вашите гради, колкови или стомак.

9. Тоа може да биде причина да почнете со вежбање. Бидејќи понекогаш будењето во 6 часот наутро за да трчате пред работа не е најлесното нешто на светот без мотив.

10. Ве одржува приземјени. Вашето тело не е совршено и никогаш нема да може да изгледа како моделите на насловните од списанијата. Токму тоа и ви го покажува вашиот стомак.

11. Никогаш, или пак, многу ретко, имате проблем со облека која ви е преширока кај струкот. Сметајте се за среќна жена.

12. Вие сте малку помеки, па затоа и сте подобри за прегратки. Покрај тоа што сте навистина интелигентни, забавни и талентирани, многу е важно да бидете и пријатни за гушкање – ова е еден од најдобрите комплименти кои можете да ги добиете.

13. Но, најважно од сè, тоа е дел од вас. Вие треба да се сакате себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар