Зошто е важна стерилизацијата на мачките?

Поради неконтролираното размножување, на улица завршуваат сè повеќе мачки. Поради ова, треба да се размислува многу повеќе за стерилизација. Доколку не сте подготвени да чувате повеќе мачки, да ги продавате или да ги подарувате, тогаш стерилизацијата е неопходна.

Зошто е важна стерилизацијата на мачките?

Исто така, добро е да се знае дека нестерилизираните мачки често заболуваат од тумори на репродуктивните органи, на млечните жлезди и страдаат од хронични инфекции на мочниот меур. Со стерилизирањето, кај женките се отстрануваат репродуктивните органи, а мажјаците се кастрираат. Овој зафат може да се изведе штом мачката ќе наполни 6 месеци – тогаш се смета дека е зрела. Важно е да се спомене дека можат да се стерилизираат и постарите мачки, но во тој случај операцијата е малку поризична.

Зафатот го извршува ветеринар додека животното е под анестезија. Не се препорачува да им давате на животните да јадат најмалку 12 часа по операцијата бидејќи може да дојде до повраќање и гушење.

По зафатот видлива е рана, а мачката може да се чувствува мамурно во текот на следните неколку часа. Немојте никако да ја храните со сила, но обезбедете ѝ вода и топло место во домот.

По стерилизацијата се забавува метаболизмот на мачките, па поради ова може да не бидат игриви и живи како и претходно. Исто така стерилизираните мачки се посклони на дебелеење, па добро е да се распрашате за специјална храна. Доколку се обидувате да ги шетате, тие ќе немаат нагон за бегање, но и полесно ќе ја контролирате нивната тежина.

Погледнете и како мачките ја искажуваат нивната љубов кон вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар