ТВ серија: Сексуално образование (Sex Education)

Тинејџер чија мајка е сексуална психотерапевтка, се здружува со соученичка од неговото средно училиште и отвораат тајна клиника за сексуална терапија

Главни улоги: Аса Батерфилд, Гилијан Андерсон, Еми Меки

Жанр: драма, комедија

Креатор: Лаури Нон

Премиера: 11 јануари 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10.00 од 10)
Loading...

 

Благодарение на Нетфликс, голем број табу теми поврзани со сексот во адолесценцијата добиваат сè поголемо внимание. Овој клучен период во сексуалното созревање на една личност, што најчесто е исполнет со многу збунетост и срам, долго време е запоставуван, притоа негативно влијаејќи на растот и развојот на младите индивидуи. Но, за среќа, со сите нови филмови и серии, се поттикнуваат младите поотворено да разговараат и полесно да се справуваат со целата таа хормонална збунетост што доаѓа со годините.

Во оваа ТВ серија, го следиме животот на 16-годишниот Отис (Аса Батерфилд), којшто израснал во дом на двајца сексуални психотерапевти. Неговите родители се сега разведени, а тој живее со мајка му, Џин (Гилијан Андерсон) која слободно може да се каже дека не чувствува ниту трошка срам во однос на темата секс. Нејзината работа е да им помогне на паровите со сексуалните проблеми, и лесно и отворено разговара со сите. Таа исто така е отворена и за својот сексуален живот, кој после разводот, е прилично активен и разновиден.

Како што веќе спомнав, Отис пораснал во средина каде што отворено се разговарало за сексуалноста на луѓето. Токму затоа, иако има само 16 години и сè уште немал секс, тој е длабоко запознаен со комплексноста на сексуалните врски и има знаење коешто една девојка од неговото училиште, Мејв (Еми Меки), ќе го претвори во вистински бизнис. Таа ќе се договори со Отис да му наоѓа клиенти меѓу нивните соученици, а тој да им помага да се справат со своите сексуални проблеми. Помагајќи им на другите, тој исто така им помага и на гледачите да откријат нешто повеќе за сексуалните динамики во адолесценцијата (па и во повозрасните години) и да почнат подетално да работат и на своите проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар