Какво влијание ќе има суперкрвавата волчја месечина врз секој хороскопски знак?

На 21-ви јануари нè очекува целосно затемнување на оваа единствена супермесечина. Ова ќе биде последното целосно затемнување до 2021-ва година. Земјината сенка ќе ѝ даде црвенкаст сјај, па оттаму и називот „крвава“ месечина. Бидејќи помрачувањето ќе биде за време на полна месечина, таа се нарекува и супермесечина.

Какво влијание ќе има суперкрвавата волчја месечина врз секој хороскопски знак?

Називот „волчја“ потекнува од индијанскиот фолклор. Волчјата месечина била првата полна месечина во годината и се појавувала во период кога се слушало завивањето на волците. Поради овој настан, на површина ќе излезат многу емоции, а ќе се засилат и нашите инстинкти. На некој начин, ова затемнување ќе има влијание врз сите хороскопски знаци. Погледнете што да очекувате според вашиот.

Овен

Отсекогаш ве нарекувале бестрашни. Можеби дури и ви викале да ги намалите вашите амбиции. Но во овој период правете го спротивното – прифатете ги вашите креативност и страст и гледајте како ќе ве однесат на патот до успехот.

Бик

Вие сте стабилни, цврсти и поддршка за многумина. Но, имате и чувствителна страна која често ја криете. Обрнете внимание на тоа и погледнете внатре за да откриете што ве прави среќни. Наскоро ќе сфатите кон што треба да се фокусирате.

Близнаци

Ако ви е потребна мотивација за да прозборите, сега е време за тоа. Во овој период ќе добиете одлична идеја и ќе знаете како да му ја кажете на светот. Немојте да ја чувате во себе. Искористете ја енергијата на крвавата месечина.

Рак

Отсекогаш сте се грижеле за другите, а крвавата месечина ќе ве поттикне да ја зголемите грижата кон саканите. Давајте совети кои само вие можете да ги смислите и бидете отворени кон другите.

Лав

Често другите мислат дека имате само љубов за себе, но тоа не е точно. Крвавата месечина ќе го докаже ова бидејќи ќе ја намали љубовта што ја чувствувате кон себе. Немојте да се изгубите поради ова, погледнете внатре и верувајте им на вашите инстинкти. Дознајте на кој начин можете да го покажете вашиот талент.

Девица

Веќе некое време сте биле несебични и сте работеле за некој друг. Тоа е одлично, но не заборавајте на себе. Овој период најдете рамнотежа – слушајте ја вашата интуиција и негувајте ја.

Вага

Сте биле фокусирани на вашите соништа и амбиции и напорно сте работеле за нив. Но, крвавата месечина ќе ви ги отвори очите и ќе ги видите вистинските лица на луѓето околу вас. Можно е да се поврзете со некој кој има исти ставови и амбиции како вас. Немојте да ја испуштите оваа прилика.

Скорпија

Морате да ја најдете вистинската среќа. Можеби сте ја барале однадвор, но време е да престанете со ова. Имате сè што ви е потребно за да бидете среќни со себе во овој момент. Морате да погледнете внатре и да ја најдете вашата среќа.

Стрелец

Месечината ќе ја разгори вашата љубов за авантура и возбуда. Ако планирате патување или сакате да се посветите на нешто ново, сега е совршен период да го направите тоа.

Јарец

Сакате да работите напорно и често ги остварувате вашите цели, но понекогаш е најдобро да застанете и да погледнете длабоко во себе. Можете да откриете нови патишта, или нешто на коешто треба да работите. Најдете ја вашата рамнотежа.

Водолија

Имате голема самодоверба и сметате дека не треба да го гледате светот околу вас. Но токму поради ова сте ја испуштиле грижата на многу сакана личност. Прифатете го ова и сфатете дека оваа личност има голема улога во вашиот напредок.

Риби

Го сакате светот, имате неверојатен карактер и сакате да ги остварите вашите соништа. Прифатете сè. Ќе бидете инспирација за некого, иако можеби таа личност сè уште не го сфатила тоа.

Погледнете и кои се хороскопските знаци чиј живот ќе се промени во 2019-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар