Мал робот го поминува денот пишувајќи оригинални поеми во песокот

Иако вештачката интелигенција е развиена за да го подобри животот и технолошките изуми, некои дизајнери создаваат роботи со вештачка интелигенција за забава. Во оваа категорија спаѓа и малиот робот чија цел е да пишува поеми во песокот.

(1)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mk

Овој робот е дизајниран од Јукси Лиу за нејзината дипломска работа на Универзитетот во Единбург. Малото роботче се движи на 4 тркала и има сензор кој му го олеснува движењето низ песокот. Користејќи анемометар (направа која ја мери брзината на ветерот) како антена, роботот ги забележува разните природни фактори и потоа ги внесува во својот систем.

(2)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mk

Користејќи вештачка интелигенција, роботот ги користи овие записи за да создаде поеми кои ги пишува во песокот. Вокабуларот на роботот е програмиран и се користат основните граматички правила. Сепак, прозата е на роботот и тој има слобода да ја користи како сака. „Поетот на брегот“ е дел од серијата која ја создала Лиу и е наречена „Јас, машина“. Таа го истражува чувството, социјалноста и моралот на машините.

(3)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mk

Според Лиу, роботот сака да го гледа морето, да го слуша звукот на брановите, шумот на ветрот, детскиот џагор и пеењето на птиците. Поголемиот дел од времето го поминува сам за да слуша и да чувствува. Понекогаш пишува стихови на песокот и гледа како брановите ги бришат.

Погледнете го и овој неодолив робот кој ќе ви помогне да стекнете позитивни навики.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар