11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес - Part 2

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

6. Детско перниче за прочистување на воздухот

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Ова перниче има вградени филтри кои го чистат загадениот воздух. Направата создава „воздушен меур“ околу главата на детето и не му дозволува да вдиши штетни супстанци. Покрај тоа, перничето е поврзано со апликација за вашиот смартфон и предупредува за нивото на опасни гасови. Перничето ќе биде пуштено во продажба ова лето. Цената е 160 евра, а филтрите кои се заменуваат чинат 4 евра.

7. Шатор за одморање насекаде

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Овој преносен шатор е дело на една шведска компанија. Со шаторот има и маска за спиење, а долниот дел е направен на тој начин што има доволно место да ги испружите нозете. Во шаторот има светло, како и држач за таблет. Цената е 80 евра.

8. Очила за одбирање на вистинскиот диоптер

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Овие очила се одлични за луѓето кои имаат проблеми со видот поради старост. Со нив можете да го наместите фокусот со едно движење на вашата рака. Односно, нема да има потреба да купувате нови стакла кога ќе се промени диоптерот бидејќи ќе можете сами да го менувате. Цената на очилата е 70 евра, а добивате 30-дневен бесплатен тест период.

9. Интерактивен фрижидер

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Паметниот фрижидер на Самсунг ги фотографира продуктите и ја испраќа фотографијата на сопственикот. На овој начин ќе знаете што треба да купите. Покрај тоа, фрижидерот нуди и разни рецепти. Екранот ви овозможува да порачувате онлајн, да ја следите временската прогноза, да слушате музика или да гледате видеа. Цената е многу повисока од онаа на обичните фрижидери и изнесува 2.800 евра.

10. Направа за броење калории во подготвен оброк

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

За да откриете колку калории има во оброкот што сте го подготвиле, доволно е само да ја ставите чинијата во направата. Нема потреба да внесувате состојки. Системот ја анализира храната според 3 критериуми и ќе ви го покаже резултатот на вашиот смартфон. Оваа направа сè уште е само прототип, но веројатно наскоро ќе биде достапна и на пазарот.

11. Машина за пеглање

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Оваа машина ќе замени навистина здодевна активност – пеглањето. Машината може да пегла синтетика, природни материјали, како и свила и волна. Наеднаш можете да испеглате и до 12 парчиња облека. Машината сè уште не се наоѓа на пазарот, но и покрај високата цена од 750 евра, уште сега има долга листа на потенцијални купувачи.

Погледнете и кои се нештата кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар