Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Дознајте како да го симнете!

Веќе знаеме дека Фејсбук зачувува многу повеќе податоци за нас одошто би сакале, но до каде можат да одат работите? Да бидеме искрени, можно е никогаш да не дознаеме. Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Овој документ содржи детални податоци за активностите што ги вршите додека сте вклучени. Иако најверојатно не сте свесни за овие документи, тие навистина постојат и можете да ги симнете од вашиот профил.

Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Дознајте како да го симнете!

Фејсбук собира податоци за секој елемент од вашиот дигитален „идентитет“ на мрежата. Тоа значи дека тој зачувува сѐ од тоа кого пребарувате до кому праќате пораки, но и што кажувате. Фејсбук ги искористува сите дополнителни приклучоци и колачиња (cookies) што значи дека може целосно да ја следи вашата активност на Интернет.

Дури и да не сте пријавени, ако лајкувате и споделувате содржини што ги има на Фејсбук или посетувате сајтови со нивни реклами, ќе бидете забележани. Постојат околу 10.000 веб-сајтови кои содржат невидливи следачи кои зачувуваат информации за нивните посетители.

Ник Вигам, репортер од Нов Зеланд, одвоил време за да види што има во овие документи на Фејсбук и бил изненаден од тоа што го нашол. Тој нашол скенирани копии од договор за изнајмување стан што му ги пратил на другар преку месинџер, скриншотови од уплати во банка и стотици страници од разговорите што ги водел на платформата. Кога ќе размислите подобро, ќе сфатите дека ова е многу алармантно.

Вигам објаснил како да ги симнете вашите лични податоци од Фејсбук:

  • За да го симнете документот, кликнете на десниот агол од која било Фејсбук страница и одберете „Settings“ (Поставки).
  • Кликнете на „Download a copy of your Facebook data“ (Симнете копија од вашите податоци на Фејсбук) под General Settings Account (Општи поставки на вашиот профил) и потоа кликнете на зеленото копче.
  • Ќе бидат потребни околу 10 минути (некогаш и малку подолго) за Фејсбук да го состави документот и ќе добиете имејл и известување кога ќе биде подготвено за симнување.

Дури и да не користите Фејсбук толку често, ќе бидете изненадени од она што ќе го видите. Дали ќе го симнете овој документ за да видите што знае Фејсбук за вас? Што мислите за ова? Дали би требало да биде дозволено? Пишете ни го вашето мислење во коментари!

Погледнете ги и следниве 10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар