9 начини да ја зголемите вашата висина

Многу луѓе не се задоволни со својата висина и бараат начин да изгледаат повисоки. Можеби ќе ве изненади фактот дека висината не е целосно поврзана со генетиката. Всушност, постојат неколку фактори кои влијаат на вашето тело, вклучувајќи ја и висината. Погледнете ги овие едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја зголемите вашата висина.

1. Правилна исхрана

9 начини да ја зголемите вашата висина

Балансираната исхрана богата со хранливи материи (особено калциум) и витамини (особено витамин Д) ќе му помогне на вашето тело да се подобри и да порасне. Калциумот им помага на коските да пораснат, додека витаминот Д го стимулира растот на коските и мускулите. Здравата исхрана треба да биде богата со овошје, зеленчук, протеини и јаглехидрати. Вашата исхрана треба да вклучува млеко, месо, зеленчук и јаткасти плодови. Обидете се да направите распоред за оброците. Јадете 3 пати дневно во исто време со мали здрави ужини помеѓу оброците.

2. Шетајте надвор во сончевите денови

9 начини да ја зголемите вашата висина

Од сончевата светлина добиваме големо количество витамин Д. Но тој е корисен само ако УВБ зраците не се премногу слаби. Можете да ги добиете овие податоци од временските прогнози. Вашата кожа не може да добие УВБ зраци рано наутро, навечер и поголемиот дел од зимските месеци.

3. Вежбајте

Вежбањето и спортовите се познати по тоа што ја зголемуваат висината. Иако не можете драстично да ја промените, може да ви помогне да додадете некој центиметар и да станете пофлексибилни. Истегнувањето исто така може да има позитивен ефект. Вежбите кои го истегнуваат вашиот ‘рбет и го издолжуваат телото се навистина ефективни ако сакате да ја зголемите висината. Обидете се да го започнете денот со едноставни вежби за истегнување.

Мост

9 начини да ја зголемите вашата висина

Легнете на грб со свиткани колена. Подигнете ги колковите и вратете се во почетната позиција.

Истегнување на нозете

9 начини да ја зголемите вашата висина

Постојат неколку вежби што можете да ги направите. Но, ако сакате да ја зголемите висината треба да се фокусирате на вежби за листовите. Застанете паралелно со ѕид и ставете ги рацете на него. Потпрете ја тежината на дланките. Едната нога бавно придвижете ја кон ѕидот. Останете во оваа позиција околу 30 секунди, кога ќе го почувствувате истегнувањето на листот. Повторете неколку пати.

4. Подобрете го држењето на телото

9 начини да ја зголемите вашата висина

Повеќето луѓе одат подгрбавено, особено ако седат премногу. Ова го искривува вашиот ‘рбет, па со текот на времето може да изгледате пониски. Ако научите правилно да го држите телото ќе забележите дека ќе ви се врати првобитната висина.

5. Самодоверба

9 начини да ја зголемите вашата висина

Зголемете ја вашата самодоверба и сигурно ќе изгледате повисоки. Промената на вашето расположение ќе го промени начинот на којшто се гледате. Самодовербата ќе има позитивно влијание на вашето тело и на вашиот ум.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар