25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

На што помислувате кога ќе слушнете за Канада? Пустини? Плажи? Палми? Веројатно не, но денес ќе ви се промени мислењето. Оваа држава не се состои само од мраз и поларни мечки. Погледнете ги овие 25 интересни факти за Канада кои сигурно ќе ве изненадат.

25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

1. Според Организацијата за економска соработка и развој, Канада е најобразованата држава во светот. Повеќе од половина од возрасните имаат универзитетска диплома.

2. Најниската измерена температура во Канада е -63 степени Целзиусови. Била измерена на територијата Јукон во 1947-ма година.

3. Канада е држава со најмногу езера во светот.

4. Населението во Черчил, Манитоба, ги остава своите автомобили и домови отклучени. На овој начин си овозможуваат брзо бегство ако се појави поларна мечка.

5. Канада го добила свето име од зборот „kanata“ што во превод значи „село“.

25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

6. Границата помеѓу САД и Канада е најдолгата граница во светот. Нејзиното официјално име е Интернационална граница.

7. По нападот на Перл Харбор на 7-ми декември 1941-ва година, Канада ѝ објавила војна на Јапонија неколку часа пред САД да го направи тоа.

8. Официјалниот телефонски број на Канада е 1 800 O-Canada.

9. Поголемиот дел од Хадсоновиот залив има малку помала гравитација за разлика од остатокот на светот. Научниците имаат неколку теории за оваа појава, кои најмногу се поврзани со промената на масата на Земјата.

10. Некои полицајци во Канада даваат позитивни „казни“ ако сте направиле нешто добро.

25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

11. По Советскиот Сојуз и САД, Канада е третата држава што ја освоила вселената.

12. Во Канада има помалку луѓе отколку во централниот дел на Токио. Канада има 35,6 милиони жители, додека оваа територија на Токио има 37 милиони.

13. Канаѓаните се на прво место за илегален престој по истекување на виза во САД. Околу 93.000 Канаѓани живеат јужно од границите со истечена виза.

14. Долината Оканаган е неверојатен вински регион во Британска Колумбија.

15. Алерт, Нунавут е најсеверното населено место на Земјата.

25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

16. Човекот кој ја измислил кошарката, Џејмс Ниасмит, е Канаѓанин.

17. Канаѓаните се познати по тоа што на светот му дале керозин, инсулин, електронски микроскопи и моторни санки.

18. Еднаш од резервоарот во Квебек бил украден јаворов сируп во вредност од речиси 30 милиони евра.

19. Канада има најмногу продавници за крофни по глава на жител од која било друга држава.

20. Пустината Оканаган е лоцирана во Британска Колумбија. Токму така, Канада има пустина со кактуси.

25 факти за Канада кои веројатно не сте ги знаеле

21. Покрај брегот и околу Ванкувер има засадено палми.

22. Големата дождовна шума во Британска Колумбија е дел од регионот на дождовни шуми кој се протега низ САД и Канада. Ова е најголемата површина со дождовни шуми.

23. 75% од населението во Канада живее на оддалеченост од 160 километри од границата со САД.

24. Еден голем пат ги поврзува источна и западна Канада преку Онтарио. Патот е наречен Автопат 17 и во најоддалечените региони има посебна лента за секој правец.

25. Алберта има неплодна земја исто како на дивиот запад.

Прочитајте ги и овие интересни факти за Италија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар