Роденденска денс плејлиста

Гостински пост: Дарко Кузмановски
(House Music Beat)

Малку се заборавив со оваа плејлиста (содржи 15 траки), ама сепак е роденденска, па морав да измешам малку стилови и да опфатам повеќе хитови… Но, просторот е ограничен, па не можев да ги ставам мејнстрим хитовите во целост.Роденденска денс плејлиста

Danism, Yasmeen – Rise (Main Mix)

Одличен клубски хит. Yasmeen сигурно ја знаете по ланскиот голем хит „Gone“. Подеднакво добра со побрз ритам е и траката „Rise“.


.

Yves Larock – The Zoo (Original Mix)

Верувам дека сите сте навикнати Yves Larock да го слушате во заразен денс ритам, но оваа трака претставува нешто „посериозно“ од негова страна и подеднакво добро. :)


.

Inpetto feat. Max C – Move (Club Mix)

Искрено да ви кажам не сум навикнат да го слушам Inpetto во клуб хаус, но звучи одлично. 😀


.

Dim Chris feat. Amanda Wilson – You Found Me (Extended Mix)

Amanda Wilson е еден од оние вокали кои се гаранција за хит. Одлична трака!


.

Ralph Good Ft. Polina Griffith – S.O.S. (Original Mix)

Ralph Good е дел од поранешното дуо The Good guys и го (ги) следам уште од самите почетоци. Конечно се проби на врвот на топ листите со траката SOS.


.

Cassius – The Sound Of Violence 2011 (Fedde Le Grand Private Remix)

Хаус класиката од Cassius излезе во ремикс од повеќе диџеи и во различни жанрови. Сметам дека најимпресивен е ремиксот на Fedde Le Grand.


.

Richard Dinsdale ft. Sam Obernik & Hook N Sling – Edge Of The Earth (Tommy Trash Remix)

Одлична денс, клуб хаус трака. Ова е можеби трет или четврт микс откако излезе траката, меѓутоа сите се специфични и еднакво добри. :)


.

Erick Morillo & Eddie Thoneick ft Shawnee Taylor – Stronger (Stronger Club Mix)

Erick Morillo иEddie Thoneick се супер комбинација за хит трака. Веќе сигурно ги знаете по траките „Live Your life“ или „Nothing Better”, кои одлично поминаа на домашните и странските топ листи.


.

Kimble K ft Max’C – Tonight (Original Mix Version 1)

Интересна клупска трака која го заслужи своето место на оваа плејлиста.


.

Dr.Kucho, Adonis Alvarez – a Tarde Se Ha Puesto Triste (John Jacobsen & Anzwer Vocal Remix)

Оваа трака едноставно морав да ја ставам :) опушта…
.

ZHU & Flashback to ZHUs Eclipse (Calvin Harris vs. Beltek)

Искрено не знам кој е ZHU. Едноставно добив имејл да ја слушнам траката и многу ми се допадна.


.

Sharam Jey pres. Soundz Fresh – 1 Night (Original Mix)

Sharam Jey (имавме неколку пати прилика да го слушаме и во Скопје) е дел од поранешното дуо Deep Dish и за разлика од неговиот поранешен соработник Dubfire е почесто присутен на музичките топ листи. „1 Night“ претставува типична Sharam Jey трака.


.

Laidback Luke ft. Example – Natural Disaster (Alex Prigenzi Vocal Edit)

Laidback Luke е еден од најдобрите Холандски диџеи и продуценти. Тој често знае да се шета по жанровите во хаус-музиката, а тракава му е полн погодок.


.

The New Iberican League – Keep On Jumpin (Original Mix)

Не можев да ги изоставам The New Iberican League. Нешто споменав за нив во претходниот пост. Тракава има тек хаус, денс хаус, фанки хаус елементи и ветувам дека ќе ве расположи веднаш. 😉


.

The Good Men – Give It Up (2011 Edit)

Песнава веќе неколку недели се наоѓа во топ 10 на Beatport. Доволно е да ја слушнете и ќе ви стане јасно зошто. Одлична денс трака!


———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Snajperist Reply

    Bravo za izborot prodolzete vaka samo 😀 😀 neka ima dobra zurka

Остави коментар