Музичка плејлиста за кулирање

Гостински пост: Дарко Кузмановски
(
House Music Beat)

Ви треба релаксација? Сакате да заборавите за момент на грижите и да одлетате со умот? Нема да „дробам“ околу песниве, ве оставам да уживате…Музичка плејлиста за кулирање

Solu Music feat Kimblee – Fade (Eric Kupper remix)

Оваа трака трае девет минути, меѓутоа нема ни да ги забележите со сигурност. Лежерниот вокал, заедно со добрата бас-линија и пијано-акордите, деветте минути ќе ги направат уживање.


.

DJ Chus & David Penn – Will I (Original Stereo Cool Mix)

Кога станува збор за тек хаус, трајбл хаус, едни од најдобрите продуценти се луѓето од „Iberican Sound“, радио шоу основано од DJ Chus. Во него учествуваат главно шпански диџеи и едноставно растураат. Еве ги сега и во чил хаус верзија и оваа трака верувам дека ќе си ја потпевнувате цел ден.


.

Rancido feat. I-Fan – Fly Away (Leroy Styles Remix)

Rancido aka Goodsoul е еден од најжешките нови таленти на хаус-музичката сцена и е познат по неговите дип хаус, соул траки. Ремиксот на Leroy Styles го задржува соул-призвукот, но на ритамот му дава чил-моменти.


.

Baggi Begovic feat. Haze – Blame (Classic Mix)

Baggi Begovic доаѓа од Холандија и досега има направено извонредни прогресив хаус траки. Ова е првпат да го слушам во чил хаус верзија и морам да кажам дека одлично звучи.


.

Pierce Fulton – Lucid Dream (Original Mix)

Pierce Fulton има само 18 години, доаѓа од САД и веќе растура со неговите чил и хепи битови. Името на траката комплетно одговара со музиката, ви дава некое луцидно чувство :)


.

Kaskade & Tiesto feat. Haley – Only You (Ken Loi Throwback Mix)

Очекувавте да слушате трака од Тиесто во чил-верзија? Ако не сте, Ken Loi направи еден извонреден микс на извонредна трака во чил-верзија, па повелете!


.

Astrud Gilberto – Who Needs Forever?

За оваа трака едноставно можам да кажам само: класика. Astrud Gilberto – Who Needs Forever? е дел од компилацијата Verve Vol.1 и искрено да можев целата ќе ја ставев во оваа плејлиста :)


.

Jorge Montia & Muzikfabrik – Out Of Control (Robbie Taylor Classic Mix)

Извонреден чил-ремикс на младиот Robbie Taylor. Тој потекнува од Холандија, меѓутоа негов ментор е DJ Chus, па затоа наместо прогресив или електро дач звуци, слушаме чил измешано со трајбл, што е својствено за DJ Chus.


.

Fish Go Deep & Tracey K – The Cure & The Cause (Balearic Soul Remix)

Нешто побрза трака од претходните, со убав текст и лесни гитарски рифови, веднаш ќе ве размрда и… Cure me, please cure me…..
.

Dinka – Mute Your Life And Float (Original Mix)

Dinka е уметничкото име на Tamara Hunkeler од Швајцарија. Тракава е дел од Chillout & Longe компилацијата „Croatia – The Opening 2011“ и сигурно ќе ве потсети на групата „Enigma“.
.

Dennis Ferrer – Hey Hey (Tuccillo Remix)

Mожам слободнo да кажам дека Dennis Ferrer сите го препознаваат по траката „Hey hey“. Ви ја претставувам чил-верзијата, која се најде на компилацијата на Ministry Of Sound – „Chillout Sessions“.

Погледнете ја и летната музичка плејлиста која пред некое време ја направи уредникот на музичкиот онлајн магазин „House Music Beat, Дарко Кузмановски, за Кафе пауза. ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Уф…ѕверска плејлиста! Фала! ;)

  2. Име Reply

    Playlista zakon!! Sekoja nedela po edna play lista. Moze??

Остави коментар