Летна музичка плејлиста

Гостински пост: Дарко Кузмановски
(
House Music Beat)

Летото е период на забава, релаксација и лудување… Период на одмори, излегувања до раните утрински часови, период на слушање гласна музика со отворени прозорци. Тогаш, дури ни комшиите не се бунат бидејќи сè е некако поопуштено во лето. Опуштете се уште повеќе.

Дарко Кузмановски, уредник на музичкиот онлајн магазин „House Music Beat“ направи селекција од 11 траки, кои се одличен избор за забава и релаксација ова лето. Па, љубители на хаус музиката, уживајте!Летна музичка плејлиста

Global Deejays – Freakin’ Out (Original Mix)

Global Deejays, познати како „Global Playboyz“ или „Ravers on Dope“, претставуваат австриско трио составено од диџеите: DJ Taylor (Konrad Schreyvogl), DJ Mikkel (Mikkel Christensen) и FLOw (Florian Schreyvogl). Најверојатно го паметите нивниот голем хит од 2005-тата, „The Sound of San Francisco“. Траката „Freakin’ Out“ претставува спој на електро и клуб-звуци во кои може да се препознае семплот од песната „Gotta Go Home“ на „Boney M“, која исто така е искористена во траката на Duck Sauce, „Barbra Streissand“.


.

Dr. Kucho! – All Day All Night (Original Mix)

Оваа одлична денс трака доби релативно мало внимание во музичкиот свет, иако излегува од кујната на добро познатиот Dr. Kucho (Daniel Manzano), кој сервира хитови уште од 1993-та година. Магазинот од Велика Британија, „DJ Magazine“, го нарекува „Ненадминат крал на шпанската хаус музика“.

.

Armin van Buuren feat. Nadia Ali – Feels So Good (Jerome Ima Ae Remix)

Веќе неколку години наназад, секој што ќе направи песна заедно со Nadia Ali (вокалот од групата IIO), веднаш станува хит. Тоа не е исклучок ни за Armin van Buuren, односно ремиксот од Jerome Ima Ae кој го забавува темпото на Armin и ù дава клубски призвук на песната.


.

Morgan Page, Sultan & Ned Shepard & BT feat. Angela McCluskey – In The Air (Extended Mix)

Оваа трака излезе минатата недела и веќе е огромен хит. Погледнете ги само имињата на изведувачите и веднаш е јасно дека станува збор за хит. Одлични клуб-звуци надополнети со моќниот вокал на Angela McCluskey која доаѓа од групата Telepopmusik.


.

David Guetta feat. Taio Cruz & Ludacris – Little Bad Girl (Fedde Le Grand Remix)

На прв поглед можеби ќе претпоставите дека ова е уште еден комерцијален хит од David Guetta, но кога ќе го видите името на Fedde Le Grand, станува јасно дека не се работи за комерцијална трака, туку за вистинска клубска бомба.


.

Sidney Samson vs. Tara McDonald – Dynamite (Nicky Romero Remix)

За да ја преслушате оваа трака, потребно е да може да ги поднесувате силните Dutch House/Dirty House звуци на Sidney Samson, кои Nicky Romero успеал да ги доведе на пристојно денс-клуб ниво. Секако и вокалот на Tara McDonald допринесува за уникатно уживање и да посакате да сте во некој клуб 😉


.

Kid Massive & Peyton – A Little Louder (Original Edit)

Данскиот денс маестро Kid Massive, скоро цела деценија е присутен на хаус музичката сцена и конечно оваа година го издава својот деби албум „A Little Louder“. Носечка трака е истоимената денс-клуб трака која веднаш ќе ве размрда.

.

Sander Van Doorn – Koko (Olav Basoski Remix)

Од самиот наслов на оваа трака се забележуваат двајца ветерани на електронската музичка сцена: Sander Van Doorn – транс гуруто и Olav Basoski – денс-фанки-тек хаус гуру. Оваа трака малку отстапува од дефинициите за клубска музика, меѓутоа тешко дека ќе ве остави рамнодушни.


.

Asino Di Medico ft Tony Berlusconi – Saxolicious (Original Mix)

Една анонимна трака, лесна за слушање, која заведува со звукот на саксофонот. Asino Di Medico и не е толку анонимен, бидејќи веќе има направено неколку ремикси на познати траки како „Gregory’s Theme“ од Basto!.


.

Above & Beyond feat. Richard Bedford – Thing Called Love (Radio Edit)

Above & Beyond е познато транс дуо, кое во својот последен албум „Group Therapy“ го користи вокалот на Richard Bedford. Радиомиксот на траката „Thing Called Love“ (со вокал транс елементи) се најде на листата на траки на BBC Radio1.

.

Martin Solveig – Hello (Roger Sanchez Edit)

Минатата недела излезе сет на ремикси на хитот „Martin Solveig & Dragonette – Hello“ од кои најмногу уво ми фати ремиксот на Roger Sanchez. Секако, кој било ремикс и да го слушате, неминовна е констатацијата дека колку повеќе личи на оригиналот, толку е попривлечен ремиксот.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар