ТВ серија: Колонија (Colony)

ТВ серија: Колонија (Colony)

Едно семејство е соочено со тешки одлуки во обид да останат заедно и да ја преживеат инвазијата

ТВ серија: Колонија (Colony)Главни улоги: Џош Холовеј, Сара Вејн Калис, Питер Џејкобсон

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Креатори: Рајан Кондал, Карлтон Кјус

Премиера: 14 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Станува збор за една од оние приказни кои едноставно ве „фрлаат“ во центарот на настаните, без никакво претходно објаснување за тоа што се случило. Оваа ТВ серија го следи животот на едно семејство кое живее во Лос Анџелес, за време на инвазија од моќна сила за која не знаеме ништо. Градот е опколен со огромен ѕид во чии граници постојат строги правила за живот и работа. Доколку сте ја гледале ТВ серијата „Wayward Pines“, тогаш „Colony“ малку ќе ве потсетува на неа, иако основата е сосема различна, додека самата приказната е целосно уникатна и досега невидена.

(1) ТВ серија: Колонија (Colony)(4) ТВ серија: Колонија (Colony)

Во светот во кој тие живеат, луѓето лесно можат да се поделат на 2 групи. Првата ја сочинуваат оние кои решиле да соработуваат со авторитетите и да уживаат во придобивките од новиот ред, додека втората група се состои од бунтовници кои се обидуваат да направат некаква промена на ризик од последиците. Но, тоа што е навистина интересно кај оваа приказна е што дури и по неколку епизоди, вие сè уште нема да разбирате што точно се случува, па токму тоа ќе ја поттикне вашата фантазија во обид да го најдете најлогичното објаснување. Дали станува збор за нова човечка сила или пак, е вклучена вонземна закана? Изгледа ќе мора да гледаме за да дознаеме.

(3) ТВ серија: Колонија (Colony) (5) ТВ серија: Колонија (Colony)

Главните улоги им припаѓаат на Џош Холовеј кој сигурно го познавате од ТВ серијата „Lost“ и Сара Вејн Калис, која својот најголем впечаток го остави преку „The Walking Dead“. Уште во првите неколку моменти помеѓу нив може да се забележи силна хемија, па слободно можеме да кажеме дека тие се совршени за своите ликови, Вил и Кејти. Ова е многу важно, со оглед на тоа што во последно време сè почесто се сретнуваме со избор на актери кои едноставно не можат добро да ја одиграат својата улога. Што се однесува до самата приказна – таа е детално изработена и претставена преку очите на луѓе чија главна цел е да преживеат.

(2) ТВ серија: Колонија (Colony) (6) ТВ серија: Колонија (Colony)

Да не должиме, ако сте расположени за мистерија која ве води во еден свет кој и не е толку различен од нашиот, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар