ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

Што точно се случува во овој град и зошто никој не може да си замине?

(1) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)Главни улоги: Мет Дилан, Карла Гуџино, Тоби Џоунс,

Жанр: драма, мистерија, трилер

Креатор: Чед Хоџ

Премиера: 14 мај 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 7.85 од 10)

Loading...Loading...

Оваа одлична мини ТВ серија е една од оние кои едноставно мора да ги гледате за да сфатите за што точно станува збор. Таа изобилува со мистерија и тајни, па токму затоа уште од првата епизода веднаш ќе се навлечете на приказната. Дејствијата се одвиваат прилично брзо, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, но мора будно да ги следите доколку сакате да ги забележите сите детали кои водат кон поголемата слика.

(3) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (4) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

Тајната служба го истражува исчезнувањето на двајца агенти и голем број докази укажуваат на фактот дека градот Вејвард Пајнс може да има нешто со нивното исчезнување. Токму затоа, со цел да откријат дали овие траги се вистинити или не, агентот Бурк, заедно со неговиот партнер, агентот Сталингс, тргнале кон овој град. Но, на пат кон градот, тие доживуваат голема сообраќајка и Бурк се буди во Вејвард Пајнс, зашеметен и малку збунет од ударот во неговата глава.

(5) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (2) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

Како што тој станува посвесен за нештата кои се случуваат околу него, така и почнува да сфаќа дека нешто воопшто не е во ред со овој град. Сите се однесуваат чудно, како да немаат избор во тоа што го прават. Тој ќе се обиде да контактира со надворешниот свет, но бидејќи нема да може да добие никој од својата агенција, ниту пак својата жена, плашејќи се за својот живот ќе се обиде да го напушти градот. Но, многу брзо ќе сфати дека тоа можеби и нема да биде толку лесно како што на прв поглед му изгледаше…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар