Филмски предлози: Комедии од јануари 2016

Во последно време филмскиот свет е целосно насочен кон научната фантастика и акцијата, па токму затоа имаме чувство како некои жанрови да се запоставуваат. Еден од нив е токму комедијата, па со оглед на тоа што акцентот е ставен на оние акциони и брзи филмови, добриот хумор станува сè поредок на филмското платно. Имајќи го тоа на ум, решивме да направиме листа од 3 нови комедии кои можеби ќе ви се допаднат. Одморете го вашиот мозок од постојаните пукања, војни и борење за живот со овие 3 филмови кои се лесни за гледање.

1. Разузданиот дедо (Dirty Grandpa)

(1) Филмски предлози: Комедии од јануари 2016

По погребот на бабата на Џејсон (Зак Ефрон), тој решава да го врати својот дедо, Ден (Роберт Де Ниро), назад во Флорида. Но, и покрај тоа што Џејсон ќе ѝ вети на својата здодевна свршеница дека ќе се врати дома за пробната вечера пред свадбата, Ден ќе му ги расипе овие планови. Дедото, кој е целосно спремен за акција, ќе го одведе во луда авантура каде што Џејсон ќе се сретне со една девојка која ја познавал во минатото…

2. 50 нијанси црно (50 Shades of Black)

(2) Филмски предлози: Комедии од јануари 2016

Една студентка, Хана (Кали Хок), која е без никакво искуство, запознава богат бизнисмен, Кристијан (Марлон Вејнс), чии сексуални потреби ќе ја тестираат нивната врска. Ако сте го гледале филмот „50 нијанси сиво“ тогаш сигурно веќе добро ја знаете приказната. Но, за разлика од оригиналот, во овој случај станува збор за пародија, па затоа и сигурни сме дека добро ќе се насмеете.

3. Кунг фу панда 3 (Kung Fu Panda 3)

(3) Филмски предлози: Комедии од јануари 2016

Кога изгубениот татко на По (Џек Блек) одеднаш ќе се појави, тие решаваат заедно да отпатуваат до тајниот рај за панди. Таму ќе запознаат урнебесни нови карактери, но кога негативецот Каи ќе почне да ги победува сите кунг фу мастери ширум светот, По ќе мора да го направи невозможното. Тој ќе почне да тренира во ова село кое е исполнето со слатки, љубезни и несмасни суштества со цел да стане најдобриот од сите кунг фу панди.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар