„Јаки“ ТВ серии откажани во последниве години

Популарните ТВ серии, кои се емитуваат на најдобрите телевизии во светот, живеат од недела за недела. Не само што сценариото се прилагодува на неделно ниво и новата епизода се снима неколку дена пред нејзиното деби на ТВ екраните, туку нејзиниот понатамошен тек зависи од тоа каков ефект (не)постигнала. Гледаноста, сценариото, откажување на глумец или член од екипата, скратување на буџетот и што ли уште не може да биде причина да се прекине некое шоу. Ова се само неколку ултрапопулатни серии кои беа прекинати во последниве години.Тв серии откажани во последниве години

The O.C.

На 3 јануари 2007 година, „Fox“ официјално одлучи да ја прекине серијата. И покрај тоа, сè уште не беше јасно дали серијата ќе прекине, бидејќи нејзиниот креатор Џош Шварц, праќаше нејасни извештаи во кои се предомислуваше дали ќе има или ќе нема петта сезона. Сепак по 3 јануари серијата не продолжи.Тв серии откажани во последниве години

Joey

На средина на втората сезона, серијата беше прекината од страна на „NBC“, но сепак се врати на етерот на 7 март 2006, преместена да се емитува секој вторник од 20:30 часот. Сепак, во мај 2006 година, „NBC“ реши дефинитивно да ја прекине серијата, бидејќи „Американскиот идол“ ја помина во гледаност.Тв серии откажани во последниве години

Heroes

На 15 мај 2010 година беше соопштено дека серијата е откажана и дека нема да продолжи да се снима. Главната причина поради која серијата се откажа е опаѓањето на рејтингот и гледаноста, како резултат на неповрзаноста и конфузноста на деталите во приказната.Тв серии откажани во последниве години

FlashForward

На 13 мај 2010 година, беше потврдено дека серијата нема да се врати на малите екрани со втора сезона, поради намален интерес од страна на гледачите. Кога се прикажувала пилот-епизодата од серијата, само во САД пред телевизорите се наоѓале околу 12,5 милиони гледачи. Но, сепак, како одминувале епизодите гледаноста се спуштила на околу 4,5 милиони, што е многу повеќе од рејтингот на моментално популарните тинејџерски серии.Тв серии откажани во последниве години

Arrested Development

Иако серијата имаше добар рејтинг, сепак заврши неславно. Откажана беше на 10 февруари 2006 година, бидејќи еден од главните продуценти реши да си замине од својата позиција, оставајќи ја серијата на цедило. Во тој период шоуто се наоѓаше во транзиција од една телевизиска куќа во друга.Тв серии откажани во последниве годиниКоја ТВ серија не можете да ја прежалите?

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Марија Дукоска Reply

    “Samantha Who”…. :(

  2. Александар Reply

    Heroes ми е омилена :( незнам зашто прекинаа да прават повеќе.

  3. maria Reply

    The O.C.

  4. Дејан Reply

    “My name is Earl”

  5. eleonora Reply

    Дефинитивно Heroes

  6. Elena Reply

    Lipstick Jungle :(

  7. М Reply

    MacGyver. Вон конкуренција засекогаш.

  8. Nikola Reply

    Pushing Daisies :(
    Veronica Mars
    Dead Like Me
    Dollhouse
    Heroes
    Arrested Development

  9. m Reply

    Dirty Sexy Money:( :( :(

  10. deki Reply

    Stargate Atlantis defenitivno

  11. Столе Reply

    Морам да додадам неколку серии што се откажани.
    Legend of the Seeker
    The Dresden Files
    Moonlight

  12. zlatko Reply

    Kyle XY :(

  13. AMAN Reply

    Heroes definitivno! mn se iznervirav koga doznav deka ke ja prekinat :S :@

  14. axa Reply

    Lie to me

  15. jimmy Reply

    Heroes bese super! Stargate Atlantis isto taka bas mi e krivo za stargate!!!

  16. Saki Reply

    The O.C

  17. hogar Reply

    Lie to me najaka serija ja otkazaa mislam zaradi Americki idol….skapanici

  18. Име Reply

    Flash Forward дефинитивно…

  19. Naum Reply

    Rubicon
    Awake
    Terra Nova

  20. Име Reply

    Chuck

Остави коментар