Поглед во иднината (FlashForward)

Поглед во иднината (FlashForward)

Дали доколку дознаете дел од вашата иднина, ќе продолжите да живеете нормално или ќе промените нешто?

Поглед во иднината (FlashForward) Главни улоги: Џозеф Фајнс, Џон Чо, Џек Девенпорт, Захари Најтон, Пејтон Лист и Кристина Вудс

Жанр: драма, фантазија, научна фантастика

Креатор: Бренон Брага и Дејвид С. Гојер

Времетраење: 42 минути

Број на сезони: 1

Премиера: 24 септември 2009

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 8,87 од 10)
Loading...

—————————————————————————————————————————————————
Оваа серија е снимена според истоимената новела, напишана во 1999 година од канадскиот автор Роберт Џ. Соер. Уште од првата епизода напнатоста и возбудата ќе ви го покренат адреналинот, а со секое наредно случување ќе станувате сè позависни од неа. Иако е решено серијата да застане после само една сезона и да се прекине нејзиното снимање, со сигурност заслужува да биде погледната. Целата идеја која струи низ нејзината приказна е како луѓето го живеат својот живот откако ќе видат дел од својата иднина. Актерската екипа и нивната одлична координираност на сцена, е надополнета со одлични ефекти и бројни изненадувања во самото сценарио, од епизода во епизода.

—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Главното дејство се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија, а во фокусот на вниманието се неколку ликови помеѓу кои се ФБИ агентот Марк Бенфорд и неговото семејство. Почетна точка на целата серија е „затемнувањето“ кое ќе му се случи на целото светско население на 6 октомври 2009 година. Во тоа „затемнување“ секој човек на планетата Земја ја губи свеста за 2 минути и 17 секунди, притоа имајќи визија што би правел во својот живот на 29 април 2010 година.Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)По „будењето“, катастрофите од овој феномен се огромни, бидејќи многу луѓе ја изгубиле свеста возејќи, паднале многу авиони, многу се удавени, уништени се згради, улици, а најголемиот проблем е стравот кај сите од тоа што го виделе во својата визија. Заплетот на целата серија започнува уште во првата епизода кога ФБИ агентите ќе најдат докази дека сепак некој останал буден во тие 137 секунди и дека натприродниот момент добива размер на човеков свесен деликт. Истрагата продолжува со многу интересни откритија, спојување на визиите и нивна анализа, следење на трагите и остварување на многу нешта од кои сите стравуваат.

Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)Кога и како да ја гледате: Серијата е доста ефектна и моќна, а приказната е испреплетена и со многу детали, кои треба да ги паметите за да го следите нејзиното течение. Доколку сакате да изгледате многу епизоди наеднаш, како што е вообичаено со сериите, овој пат тоа може да не биде случај, па затоа препорачливо е да ја гледате постепено и умерено, а најдобро би било тоа да го правите во слободните денови.
Поглед во иднината (FlashForward)Слична серија:
„Изгубени“ (Lost)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар