Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

По 20 години живеење во странство, Марк Рентон се враќа во Шкотска и повторно се зближува со своите луди пријатели од минатото

(1) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)Режија: Дени Бојл

Улоги: Јуан Мекгрегор, Роберт Карлајл, Јуан Бремнер, Џони Ли Милер

Времетраење: 117 минути

Премиера: 27 јануари 2017

Јазик: англиски

Жанр: драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 5.25 од 10)

Loading...Loading...

Станува збор за второто продолжение на филмот Трејнспотинг од 1996 година што нè запозна со будалштините на неколку млади момци од Единбург, што се обидуваат да си го најдат својот пат низ животот, чекорејќи без работа, низ површни љубовни врски и борејќи се со зависност од дрога. Филмот е базиран на роман од Ирвин Волш и се смета за еден од најголемите филмови на 90-тите години чие влијание ја дефинираше новата генерација млади момци и девојки.

(2) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (3) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

21 година подоцна, франшизата продолжува со Т2 Трејнспотинг, каде што поголемиот дел од оригиналната актерска екипа повторно се враќа на истата сцена, водени од оригиналниот режисер – Дени Бојл. Овој пат, дејството повторно се врти околу главниот карактер Рентон (Јуан Мекгрегор), но исто така имаме можност да ги видиме и незаборавните Бегби (Роберт Карлајл), Спад (Јуан Бремнер) и Сик Бој, во ова продолжение познат како Сајмон (Џони Ли Милер).

(4) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (5) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

Ако сте го гледале првиот филм, тогаш веќе ви е позната моќната енергија со која се одликува и брзото темпо на раскажување што не ви остава простор ни за дишење. Истото може да се каже и за продолжението и иако можеби нема да ви се верува, овој филм на моменти е дури и подобар од оригиналниот. Зависната енергија, погрдниот речник, незамисливите секс средби и живописните сцени со дрога и насилство од првиот дел во комбинација со дозата зрелост со што се одликува овој дел, создава нова химна на очај во која сите љубители на жанрот ќе уживаат.

(6) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (7) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Pero Reply

    Monika,
    ako e ova e tvoja kritika napisana za filmot, sakakm da kazam deka e premnogu mala i ne gi zadovoluva osnovnite kriteriumi za nakakov osvrt kon filmot. Nezadovolitelen opis na karakterite, sodrzinata o licno glediste kon estetskite vrednosti kon filmot.

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Перо,

      Најпрво благодарам за забелешката. Но нашите рецензии најчесто се кратки, без раскажување, без спојлери и без многу детали со цел да се долови основата на филмот или ТВ серијата и на читателите да им се даде предлог за гледање. Ако сакаш, слободно надоврзи се со своето видување на филмот тука во коментарите, па можеме и повеќе да разговараме за доживувањата.

      Поздрав,
      Моника

Остави коментар