Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

По 20 години живеење во странство, Марк Рентон се враќа во Шкотска и повторно се зближува со своите луди пријатели од минатото

(1) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)Режија: Дени Бојл

Улоги: Јуан Мекгрегор, Роберт Карлајл, Јуан Бремнер, Џони Ли Милер

Времетраење: 117 минути

Премиера: 27 јануари 2017

Јазик: англиски

Жанр: драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: [ratings]

Станува збор за второто продолжение на филмот Трејнспотинг од 1996 година што нè запозна со будалштините на неколку млади момци од Единбург, што се обидуваат да си го најдат својот пат низ животот, чекорејќи без работа, низ површни љубовни врски и борејќи се со зависност од дрога. Филмот е базиран на роман од Ирвин Волш и се смета за еден од најголемите филмови на 90-тите години чие влијание ја дефинираше новата генерација млади момци и девојки.

(2) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (3) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

21 година подоцна, франшизата продолжува со Т2 Трејнспотинг, каде што поголемиот дел од оригиналната актерска екипа повторно се враќа на истата сцена, водени од оригиналниот режисер – Дени Бојл. Овој пат, дејството повторно се врти околу главниот карактер Рентон (Јуан Мекгрегор), но исто така имаме можност да ги видиме и незаборавните Бегби (Роберт Карлајл), Спад (Јуан Бремнер) и Сик Бој, во ова продолжение познат како Сајмон (Џони Ли Милер).

(4) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (5) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

Ако сте го гледале првиот филм, тогаш веќе ви е позната моќната енергија со која се одликува и брзото темпо на раскажување што не ви остава простор ни за дишење. Истото може да се каже и за продолжението и иако можеби нема да ви се верува, овој филм на моменти е дури и подобар од оригиналниот. Зависната енергија, погрдниот речник, незамисливите секс средби и живописните сцени со дрога и насилство од првиот дел во комбинација со дозата зрелост со што се одликува овој дел, создава нова химна на очај во која сите љубители на жанрот ќе уживаат.

(6) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (7) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)