Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)

Второто продолжение од филмот „Одмаздници“

(1) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)Режија: Џос Видон

Улоги: Крис Еванс,Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Марк Рафало, Скарлет Јохансон, Џереми Ренер, Џејмс Спајдер

Времетраење: 141 минута

Јазик: англиски

Премиера: 1 мај 2015

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9.90 од 10)

Loading...Loading...

Ако сте љубител на филмовите и ТВ сериите кои Марвел ги направија во последниве неколку години и ако го обожавате првиот дел од Одмаздници, тогаш овој филм без сомнение ќе ви ги надмине сите очекувања. Кога станува збор за продолженија, сите сме скептични бидејќи често се случува другите делови да се повеќе или помалку полоши од оригиналот, но во овој случај станува збор за филм кој е подеднакво добар како и првиот (можеби дури и подобар).

(2) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron) (3) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)

Приказната веднаш нè води во битка каде што Одмаздниците се обидуваат да го најдат скиптарот на Локи кој се наоѓа во истражувачки центар на Хидра. Тие лесно се пробиваат низ војниците кои им даваат отпор, но набрзо ќе сфатат дека не се единствените со неверојатни моќи во околината. На страната на Хидра има брат и сестра, близнаци, врз кои се вршеле експерименти кои резултирале со неверојатни моќи. Тој има огромна брзина, а таа има телепатски и телекинетички способности.

(4) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron) (5) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)

Најголемиот проблем ќе настане кога Тони заедно со Брус ќе се обидат со помош на каменот во скиптарот на Локи да направат вештачка интелигенција наменета да го заштити светот од сите оние вонземски закани кои во последниве години му се закануваат на човештвото. Сакајќи да направат нешто добро, тие необјасниво ќе го ослободат Ултрон во светот, кој ќе има извртено сфаќање за она што значи мир и безбедност. Тој нема да прави разлика помеѓу спасување и уништување на човештвото и неговата главна цел ќе стане да ги изумре Одмаздниците.

(6) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron) (7) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)

Филмот е исполнет со премногу акција и неверојатни специјални ефекти. Приказната е одлична и има совршена доза хумор кој одвреме-навреме ќе ве смее до солзи, но и ќе ја разбива тензијата од потешките сцени. Односот помеѓу самите Одмаздници е многу подобар за разлика од претходниот филм, па токму затоа има можност и повеќе да се „игра“ со нивните ликови. Ние можеме повеќе да научиме за нивниот карактер, како и за начините на кои тие би реагирале во одредени ситуации што предизвикува подобро да ги запознаеме. Да не должиме, филмот е одличен и дефинитивно не смеете да го пропуштите!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар