The Avengers (Одмаздниците)

Сподели

Филм за тим од суперхерои наречени „одмаздници“ кои се борат против Локи и неговата армија за да ја спасат Земјата

The Avengers (Одмаздниците)Режија: Џос Видон

Улоги: Крис Хемсворт, Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Марк Рафало, Скарлет Јохансон, Џереми Ренер, Том Хиделстон, Семјуел Л. Џексон

Времетраење: 143 минути

Јазик: англиски

Премиера: 4 мај 2012

Жанр: акција, научна фантастика, трилер

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 Star2 Stars3 Stars4 Stars5 Stars6 Stars7 Stars8 Stars9 Stars10 Stars (25 гласа, просек: 8.12 од 10)

Loading ... Loading ...


Директорот на интернационалната агенција за одржување на мирот собира група луѓе со неверојатни моќи и сила со надеж дека тие ќе успеат да ги надминат своите недостатоци и ќе научат да се борат тимски против најголемото зло кое ù се заканува на Земјата. Групата која се нарекува одмаздници ја сочинуваат големите суперхерои од Марвел – Железниот човек, Неверојатниот Хулк, Тор, Капетан Америка, Црната вдовица и Соколовото око.

Приказна: Сè започнува со итна евакуација на истражувачка установа. Ник Фјури (Семјуел Л. Џексон) пристигнува таму и набрзо открива дека истражувањето на објектот кој бил пронајден на Земјата за кој се верува дека може да продуцира неограничено количество на енергија малку избегало од контрола. Научниците не можат да објаснат зошто не можат да го исклучат, но нивните претпоставки се дека порталот кој бил отворен со неговата употреба е пронајден и контролиран од другата страна.The Avengers (Одмаздниците)Многу брзо нивните најлоши стравови се остваруваат и низ порталот преминува Локи, братот на Тор кој е еден од боговите во Асгард. Тој го краде објектот кој тие го истражуваат и успева да избега така што „влијае“ на Соколовото око (Џереми Ренер) и на голем број од научниците да му се придружат. Фјури одвај успева да се извлече од целата ситуација и решава дека е време да ги собере најмоќните луѓе на планетата за да може да му се спротистави на Локи.The Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)Стив Роџерс (Крис Еванс), кој е познат по името Капетан Америка е првиот на кој тој ќе му пристапи. Роџерс бил долго време замрзнат, но поради тоа што дошол во контакт со непознат извор на енергија успеал да преживее. По 70 години откако се разбудил, светот бил сосема различен од тоа како тој го памтел. Капетан Америка е исклучително силен човек, но тој најмногу се одликува според неговите способности да биде водач.The Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)Наташа Романоф (Скарлет Џохансон), односно Црната вдовица е одличен агент и испитувач и таа работи за агенцијата како шпион. Нејзината задача ќе биде да го убеди Брус Банер (Марк Рафало) – Неверојатниот Халк, исто така да се придружи на новиот тим кој ќе треба да се бори со Локи. Но, неговата задача нема да биде борба, туку тој им е потребен за лоцирање на украдениот објект. Како што знаеме од претходно, Халк нема контрола на себе и во тие моменти може да ги повреди сите околу него…The Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)Агентот Фил (Кларк Грег) му пристапува со сите досегашни податоци на Железниот човек – Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор), кој е малку комплициран за работа во тим, бидејќи е човек кој сака да ја има сета слава за себе, но и покрај сè, решава да им помогне. Во меѓувреме на Земјата пристигнува и Тор откако ги дознава лошите плановите на неговиот посвоен брат Локи…The Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)Кога и каде да го гледате: Одмаздници е совршен избор за викенд-филм со вашите најблиски. Тој со сигурност ќе ги надмине сите ваши очекувања и ќе успее да го задржи вашето внимание до самиот крај. Уникатната комбинација на хуморот со посериозните сцени ќе успее истовремено да ве насмее до солзи, но и да ве држи на „штрек,“ додека пак различноста на ликовите ќе направи секој од вас да се пронајде помалку или повеќе во некој од овие неверојатни херои.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

  1. Александар Reply

    Јас сум голем обожавател на Скарлет Јохансон, ама мислам дека толку многу е за џабе во филмов, мислам тоа е единствената работа која според мене смета во овој филм, кој го имам гледано повеќе од 7 пати од кога го симнав од торент, филмот е МНОГУ добар, алал да му е на дечките од FX3X за специјалните ефекти и мислам дека се надминаа себеси, ама сепак… со жал во срцево велам дека филмот би ја имал истата заработка и гледаност без Скарлет, извини Скарлет

Остави коментар