Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

Желбата за живот наспроти суровоста

Филм 12 години роб (12 Years a Slave)Режија: Стив МекКвин

Улоги: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бред Пит, Бенедикт Камбербач

Времетраење: 134 минути

Јазик: англиски

Премиера: 8 ноември 2013

Жанр: биографија, драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 7.50 од 10)

Loading...Loading...

„12 години роб“ е еден од главните претенденти за Оскарот за најдобар филм оваа година, а и да го гледате без да го знаете тоа, ќе забележите дека се работи за исклучително добар филм кој може да добие многу награди. Згора на тоа, обработува комбинација од теми како борбата на еден човек за преживување заедно со најмрачната страна на американската историја на извонредно сликовит начин. Ако за време на гледањето на „12 години роб“ не почнете по малку да чувствувате како отприлика било да си роб, тоа веројатно нема да го стори ниту еден друг филм.

Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

Не само што фокусот е ставен на суровите доживувања на главниот лик, кој е црн роб, туку и Чиветел Еџиофор целосно ја користи привилегијата вниманието да биде свртено кон него и брилира во главната улога. Тој игра црнец кој е слободен човек, има работа и семејство со кое живее убав живот додека не биде киднапиран и врзан во синџири за да биде продаден како роб. Најтрагичното во неговата судбина е тоа што киднаперите го помешале со роб кој побегнал и сега по грешка тој плаќа за неговото бегство.

Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

Оттука па натаму следуваат неговите 12 години поминати во ропство. Слики на крв, болка и мачење и желба за слобода преовладуваат во текот на целиот филм. Филмот содржи само ропство, ропство, ропство… Гледачот може да си поставува прашања за тоа до каде може да оди човечката издржливост и до каде може да оди суровоста во име на бесмислени предрасуди.

Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

Филмот навистина е добар, но е тежок за гледање. Сцените не се премногу брутални, како на пример во „Џанго разузданиот“, но филмот е бавен и, како што напоменав, исполнет е со болка. „12 години роб“ е извонреден филм кој нема да ви понуди забава. Ова е филм кој е снимен според вистинска приказна на американски роб според која е направено добро сценарио, а има и одлична глума, совршена кинематографија и многу емоции. Тоа се причини поради кои треба да се изгледа.

Филм 12 години роб (12 Years a Slave)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар