Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

Чарли Чаплин, ѕвездата на немиот филм и човекот кој успеа да ги насмее луѓето ширум светот без да каже ниту збор. Познато е дека Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин „единствениот гениј во филмската индустрија“. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати за љубовта, животот, смеата и болката.

Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

„Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви е потребно е малку храброст, имагинација…. и малку тесто.“

„Ништо не вечно во овој зол свет, дури ни нашите неволји.“

„Претпоставувам дека една од ирониите во животот е да се прави погрешната работа во вистинскиот момент.“

„Помислете на себе барем еднаш во животот, во спротивно ќе ја пропуштите најдобрата комедија на светот.“

„Ви треба моќ само доколку сакате да им наштетите на другите, во спротивно љубовта ви е доволна за да ги постигнете сите цели.“

„Размислуваме премногу, а чувствуваме премалку.“

„Огледалото е мојот најдобар пријател бидејќи никогаш не се смее кога плачам.“

„Мојата болка може да биде причината за нечија смеа. Но, мојата смеа никогаш не смее да биде причината за нечија болка.“

„Мојот живот е полн со тешкотии и проблеми. Но, моите усни не го знаат тоа. Тие секогаш се смеат.“

„Животот е претстава без реприза. Затоа пејте, плачете, танцувајте, смејте се и живејте го максимално животот пред да се спушти завесата и пред да заврши претставата без аплауз.“

„Откако почнав да се сакам себеси престанав да копнеам за поинаков живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше ми даваше сила да растам. Денес тоа за мене претставува ЗРЕЛОСТ.“

„Откако почнав да се сакам себеси престанав да го трошам сопственото време и престанав да размислувам за огромни проекти во иднина. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа, работи кои сакам да ги правам и кои ми го развеселуваат срцето, а ги правам на свој начин и со свој ритам. Денес тоа за мене претставува ЕДНОСТАВНОСТ.“

„Откако почнав да се сакам себеси сфатив дека без оглед на околностите, јас сум на вистинското место во вистинското време и дека сè се случува во вистинскиот момент. Денес тоа за мене претставува САМОДОВЕРБА.“

„Откако почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, нешта, ситуации и сето она кое се коси со мојата природа. Најпрвин го нареков овој став здрав егоизам. Денес тоа за мене претставува ЉУБОВ КОН СЕБЕ.“

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.

Извор: goalcast.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар