Цимерката (The Roommate)

Филм за предаторите околу нас кои може да дојдат во различна форма и облик

Цимерката (The Roommate)Режија: Кристијан Е. Кристијансен

Улоги: Минка Кели, Лејтон Мистер

Времетраење: 91 минути

Јазик: англиски

Премиера: 4 февруари 2011

Жанр: трилер

Наша оценка: 5/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (49 гласа, просек: 8.69 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————————————
Најчесто во новите односи влегуваме со целосна доверба. Делумно затоа што секогаш се надеваме на најдоброто, а делумно затоа што животот и не се живее во постојан сомнеж дека некој ќе ти забие нож во грбот. Сепак, понекогаш и тоа ни се случува, иако на повеќето од нас, во многу поблага варијанта од онаа во „Цимерката“.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Сара (Минка Кели) доаѓа во Лос Анџелес за да студира. Во интернатот мора да ја дели собата со друга девојка и се вселува со Ребека (Лејтон Мистер). И според името на филмот не е голема мистерија дека вистинскиот центар на приказната е цимерката во која уште на стартот бараш црни дамки и… многу од нив, скоро ги добиваш. Ребека е опсесивна девојка за која пријателството значи и комплетна зависност. Таа е подготвена да направи се за да ја тргне Сара од остатокот на светот и да биде само нејзина, засекогаш. Сето тоа излегува надвор од контрола, а на крајот некој завршува со фатални последици додека друг поминува само со гребнатинка, и физичка и емоционална.Цимерката (The Roommate)Кога ќе земеш филм што се вика „Цимерката“ и по жанр е трилер, веднаш претпоставуваш повеќе или помалку вакво сценарио. Иако има напнати моменти, доколку режисерот го зголемел волуменот на насилството и на комплетните опсесивни акции, ќе го направеше филмот потензичен и погледлив за љубителите на добриот хорор, трилер. Вака е само на половина пат помеѓу трилер и можеби некој женски колеџ филм.Цимерката (The Roommate)Дефинитивно за „Цимерката“, своја верна публика носи Лејтон Мистер која е позната од хит-серијата „Озборувачка“. Додека за Минка Кели ова е една од малкуте ударни улоги, но факт е дека таа само што почнува да се пробива на филмската сцена. И двете имаат коректни остварувања, но не излегуваат надвор од просечноста. Ја служат улогата за која што се платени, но не внесуваат никаква особена иновација.Цимерката (The Roommate)Кинематографија: Поголем дел од филмот се одвива на колеџ-кампусот или пак на улиците на Лос Анџелес во тек на ноќниот живот. Тука студентите воопшто не наликуваат на нашите, а студентските соби изгледаат како да се во хотелот „Хилтон“. Нивните ноќни излегувања, пак, се преполни со домашни забави, нашминкани клубови и нормално, со убави луѓе. Впрочем сте гледале американски филмови кои допираат ваква тематика и точно можете да си ја исцртате сликата во главата.Цимерката (The Roommate)Кога и како да го гледате? Пуштете го навечер, како и секој друг трилер. Инаку, поради кастингот и разработката само на женски опсесивен однос, се чини дека „Цимерката“ е наменет пред се за женската публика.Цимерката (The Roommate)
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Smiley Reply

    samo sto go gledav vikendov :) ubav e,no predvidliv :)

  2. Snunny Reply

    prilicno zabaven :)

Остави коментар