Превитканиот мост во Сараево

„Festina Lente“ е мост во Сараево, чиј дизајн е дело на тројцата босански дизајнери Аднан Алагиќ, Бојан Канлиќ и Амила Хрустиќ. Тој се наоѓа веднаш пред академијата за ликовни уметности, а триото поранешни студенти, дизајнот за мостот го имаат смислено пред пет години. Откако со проектот победиле на натпревар, започнала изградбата на овој иновативен мост на реката Миљачка.Превитканиот мост во СараевоМостот е долг 38 метри, а на него има две локации за седење на местото каде што се превиткувањата. За дополнителен естетски шарм, додадени се многу ЛЕД светилки по краевите на мостот.Превитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во Сараево

Поминувањето преку мостот е уникатно доживување, поради специфичноста на градбата и глетките пред нашите очи со кои се соочуваме кога поминуваме низ портата (превитканиот дел), подготвувајќи се себеси да влеземе во поинаква димензија и да ја разбудиме спиритуалноста – велат дизајнерите за мостот.

Превитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во Сараево


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар