9 нешта за коишто сите девојки од 90-тите пишуваа во своите дневници

Вашиот прв дневник сигурно бил преполн со тајни и мисли што сте сакале да си ги чувате за себе (сите знаеме дека читањето туѓ дневник е најстрого забрането). Вие сте имале и пенкала во различни бои што го претставуваа вашето моментално расположение, или пак со кои сте ги декорирале сите страници, правејќи го целиот дневник колоритен и забавен. Не постоеле правила за него, бидејќи тој бил вашиот безбеден простор. И најверојатно сè уште е… Па, ако сакате да се потсетите на оваа далечна ера од вашиот живот, погледнете ги следниве точки за кои сите девојки од 90-тите (вклучувајќи ве и вас) пишуваа во своите дневници.

1. Желби за патување

Сигурно сте имале цела листа од туристички дестинации што сте сакале да ги посетите, бидејќи планот ви бил едно по едно да ги прецртувате. Можеби тогаш немало Инстаграм за да ве инспирира, но вие многу добро знаевте каде сакате да патувате.

2. Детали за симпатијата

Толку детално сте го опишувале дури и најобичното „Здраво“, што сега имате доволно материјал и цел филм да снимите само од таа една 2-секундна средба. Да не заборавиме и на срцата околу името на симпатијата или на вашето име „извезено“ во комбинација со неговото презиме.

3. Аспирации и надежи за иднината

Вашите соништа не треба да постојат само меѓу вас и вашата перница. Затоа и сте ги запишувале, носејќи се себеси еден чекор понапред до нивното остварување. Се сеќавате на вашите планови за иднината? Дали успеавте досега да ги остварите?

4. Листа од нешта за коишто сте благодарни

Благодарноста ви помага да останете скромни. Кога сте биле млади, вие лесно сте можеле да ги пропуштите нештата за коишто треба да бидете благодарни и среќни што ги имате, па оваа листа редовно ви помагала да се потсетите.

5. Жалби за лошиот ден

Лошите денови им се случуваат на сите, па наместо да се затворите во соба и да не излезете цел ден, вие сте се „истурале“ на дневникот и потоа сте се чувствувале како сосема нова личност. Нема подобар начин за ослободување од фрустрациите од нивното запишување.

6. Сон што еден ден треба да стане реалност

Сите сме се нашле во оваа ситуација – толку живописно сме си го замислиле остварувањето на нашиот најголем сон, што сигурни сме биле дека кога-тогаш ќе успееме. За некои овој сон бил да порасне, за друг да отиде на месечината, за трет – да најде љубов… Кој беше вашиот сон?

7. Дневен хороскоп

Иако популарноста на астрологијата не се намалува (можеби дури и постојано се зголемува), сепак девојките од 90-тите беа познати по нивните желби да ја откријат иднината преку хороскопот, гледањето на кафе, таротот… И сите овие искуства се запишани во нивните дневници.

8. Моќни цитати што треба да се запомнат

Без Интернет, каде што се наоѓаат сите инспиративни цитати некогаш смислени, многу било потешко да ги пронајдете оние што резонираат со вас и што дури би можеле да ви служат и како совети. Затоа во вашиот дневник имало посебен дел само за моќните цитати!

9. Рецепти од мајка ви

Тајните рецепти што вашата мајка ги споделила со вас се уредно запишани во вашиот дневник и чекаат момент за и вие самите да ги споделите со вашата ќерка. Делот со рецепти ви е можеби и еден од омилените, затоа што никој не готви толку добро како вашата мајка!

Погледнете ги и овие 25 нешта од 90-тите години за кои секоја девојка сонуваше!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар