Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини

Заробени“ е моќна серија фотографии од канадскиот фотограф Гестон Лакомб која нè води низ животот на животните кои живеат во зоолошка градина. Фотографирајќи од перспектива на посетител, Лакомб успеал да направи портрети на голем број животни, мали и големи, кои се присилени да живеат затворени во мал простор.

Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини

Оваа серија се состои од фотографии на зоолошки од 9 различни земји на 5 различни континенти од кои сите институции се анонимни. Целта на фотографот не била да ги посрамоти тие мал број институции, туку да го насочи вниманието кон сите зоолошки ширум светот. Тој вели:

„Дури и во најголемите и најдобрите зоолошки градини можете да најдете животни кои се сместени во ужасни простории од цемент или во мали стаклени кутии. Не сите зоолошки се исти. Некои прават огромни напори да им овозможат на нивните животни соодветен и удобен дом, додека пак други само ги распределуваат животните на места кои слободно можат да се наречат простории за мачење. Но, она што е заедничко за сите зоолошки е што секогаш постојат неколку животни кои се сместени во несоодветни и неудобни живеалишта. Сè уште не сум видел исклучок од ова.“

Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини Портрети од животни кои ќе ви ги отворат очите за животот во зоолошките градини


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар