Неверојатни уметнички дела кои на прв поглед не знаете што се

Јуџин Лушпин е еден од најпрославените руски уметници во светот. Под големо влијание на Руското училиште за реализам, тој создава неверојатни слики кои навидум наликуваат на големи фотографии во боја.

(5)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk

Следејќи ја традиционалната техника за цртање на Руското училиште за реализам, како и поседувајќи огромен интерес за ефектот на илузии, во неговите најрани дела може јасно да се забележи голема доза симболизам. Подоцна тој се посветува на усовршување на цртањето текстури на секаков вид површина, па неговите дела сега претставуваат прекрасни пејзажи кои делуваат неверојатно реални.

Последните неколку години, неговиот интерес се градовите, а во неговите слики веќе се забележува уникатниот начин на кој тој успева да ги долови динамиката и спокојноста на градот. Елемент кој најчесто се појавува на овие слики се крововите на куќите кои ги симболизираат темите од бајките од детството на овој уметник – луѓе кои ги надминуваат проблемите од секојдневието и движењето на светот.

Брилијантната употреба на бои, остриот контраст, лесните импресионистички потези со четка, илузионистичката светлина, сложената текстура и посебно посветеното внимание на деталите ги прават овие уметнички дела импресивни и уникатни. Уживајте!

(3)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (4)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (6)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (7)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (8)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (9)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (10)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (11)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (12)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (1)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk (2)-neverojatnite-umetnichki-dela-na-judzin-lushpin-kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар