Намалете ги стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1!

Намалете ги стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1!

Современиот живот и порано беше стресен, а веќе неколку години по ред стана уште постресен како резултат на пандемијата. Според експертите, сега сме повеќе склони кон паника и анксиозност од кога било.

Намалете ги стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1!

Но, што можете да направите кога ќе почнете да чувствувате дека ја губите контролата?

Јогата и ладниот туш можат да ви помогнат да го смирите вашиот нервен систем и да ја намалат анксиозноста. Но, постои и една корисна техника што може да ви помогне да ја вратите контролата во одреден момент.

Психологот од Клиниката Кливленд, Сузан Алберс-Булинг, предлага нешто што се нарекува метод 5-4-3-2-1 за брзо намалување на стресот. Идејата е едноставна: со користење на вашите пет сетила се присилувате себеси да се фокусирате на моментот и вашата физичка околина, спречувајќи го на тој начин вашиот мозок да се врти низ најлошите сценарија, заробувајќи ве во циклус на анксиозност и паника.

Обратете внимание на пет работи што ги гледате околу себе. Тоа може да биде молив или точка на таванот – што било во вашата околина.
Најдете четири работи околу себе кои можете да ги допрете. Тоа може да биде вашата коса, перница или земја под вашите нозе.

Препознајте три звуци во вашата непосредна околина. Ова може да биде кој било надворешен звук. Ако можете да го слушнете чукањето на вашето срце, тоа исто така се брои! Фокусирајте се и на работи што можете да ги слушнете надвор од вашето тело.

Фокусирајте се на две работи што можете да ги мирисате. Можеби сте во вашата канцеларија и го чувствувате мирисот на вашето пенкало. Можеби сте во вашата спална соба и чувствувате мирис на перницата. Ако ви треба кратка прошетка за да најдете мирис, можете да го помирисате сапунот во вашата бања или да излезете надвор на прошетка.

И фокусирајте се на една работа што можете да ја вкусите. Каков вкус има внатрешноста на устата – гума за џвакање, кафе или сендвич што сте го појадувале?

Поврзувањето со вашите сетила може да биде моќен начин за намалување на стресот и анксиозноста, но тоа не е единствениот начин. Истражувањата покажале дека помагаат и техники на дишење, физички вежби, пишување, излегување во природа и нешто што се нарекува „разговор со себе“. За жал, со оглед на начинот на кој светот се движи околу нас, веројатно ќе имаме многу можности да ги искористиме сите овие трикови.

Откако прочитавте за оваа техника, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар