Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница

Фотографката Анџела Кели од Вашингтон ги искористила ниските временски температури на еден малку поинаков начин. Таа заедно со својот син едно утро решила да излезе надвор за да дуваат балончиња од сапуница. Она што се случило ги оставило и двајцата без зборови. Балончињата почнале магично да се кристализираат пред нивните очи и токму на овој начин настанала идејата за колекцијата од фотографии со име „Замрзнато во балонче“.

Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница

Некои од помалите балончиња се замрзнувале уште додека биле во воздух и потоа паѓале на земја, кршејќи се од ударот, додека пак други успевале да ја одржат својата форма, и откако ќе се спуштат на земја целосно се претворале во ледени кристали.

Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница

„Дувавме балончиња врз замрзнатата маса во нашиот двор како и на кровот од мојот автомобил и потоа гледавме вчудовидено како секое од нив се замрзнува и формира свои уникатни шаблони. Забележавме дека тие целосно смрзнуваа пред сонцето да изгрее, но откако тоа ќе се појаваше тие се одмрзнуваа или само на врвот или целосно. Исто така забележавме и дека дел од нив почнуваа да се издишуваат или да пукаат во себе и на тој начин врз нив се формираа вонземски форми. Во некои случаи тие целосно се кршеа.“

Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница Неверојатни фотографии од замрзнати балончиња од сапуница


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар