Неверојатни фотографии од Истанбул кои изгледаат како сцени од филмот „Inception“

Драги фанови на филмот „Inception“, „Flatland“ не е продолжение, но сепак претставува еден фасцинантен проект. Дигиталната фотографска серија на турскиот артист Ајдин Бујукташ ги искривува улиците на Истанбул во надреални градски пејсажи кои ја заинтригираат и предизвикуваат човечката гледна перспектива.

Неверојатни фотографии од Истанбул изгледаат како да се од филмот „Зачеток“ (Inception)

„Живееме во места кои поголемиот дел од времето не ги ни забележуваме, места кои ги трансформираат нашите сеќавања, места кои му дават на артистот една нова димензија. Овие дела се стремат да го остават гледачот со една изненадувачка визуелна, иронична како и мултидимензионална, романтична гледна точка“, вели Бујукташ.

Главна инспирација на Бујукташ за изработката на овој проект била сатиричната новела на Едвин А. Абот – „Рамна земја: Романса на многу димензии“, во која се раскажува приказната за еден дводимензионален свет во кој живеат геометриски фигури. Погледнете ги неговите неверојатни фотографии.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар