Мајка креира надреални пејзажи со силуети од нејзините деца со помош на ајфон

Мајката Али Џардин привлекла огромно внимание на Инстаграм со нејзините неверојатни надреални фотографии кои ги прави со ајфон. Таа во моментов има 511.000 следачи на оваа социјална мрежа чиј број постојано се зголемува. Али по професија е сликар, но откако почнала да се занимава со Инстаграм сфатила дека токму тоа е нејзината страст.

(1) Мајка креира надреални пејзажи со силуети од нејзините деца со помош на ајфон

Поголемиот дел од фотографиите кои таа ги прави се фамилијарни, кои вклучуваат прекрасни силуети од нејзините деца, Пипин и Гејб. Таа вели дека скоро сите фотографии ги прави со ајфон, а потоа дополнително ги обработува во апликации како „Juxtaposer“, „Tiny Planets“, „VSCO“, „Image Blender“, „Pro HDR“ и „Mextures“. Таа се надева дека нејзината работа ќе ве оттргне на момент од реалноста и дека ќе ве одведе на место кое е исполнето со магија, слобода и среќа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар