Ѕирнете во фракталниот универзум на деталите од Силвија Кореда!

Фракталната уметност е вид дигитална уметност која се смета за нова во уметничкиот свет. Фракталните објекти не се ниту нацртани ниту насликани со рака, туку се создадени со помош на софтвер кој се базира врз математички пресметки за визуелно прикажување на објектите.

0-dzirnete-vo-fraktalniot-univerzum-na-detalite-od-Silvija-Koreda-kafepauza.mk

Фракталите се геометриски објекти чија фрактална димензија е многу поголема од тополошката димензија. Со други зборови, фракталите се објекти кои даваат исто ниво на детали без разлика на резолуцијата која ја користиме. Значи, можете да ги зголемувате бесконечно многу, а при секое ново зголемување ќе видите некој детаљ кој претходно не бил видлив, при што количината на новите детали ќе остане скоро иста.

Силвија Кореда од Италија се запознала со фракталната уметност во јануари, 2012 година, но веќе го восхити светот со својата прекрасна работа. Нејзината 3Д апстрактна уметност, честопати насочена кон цвеќињата, изгледа како некој магичен свет.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар