Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

Во ресторанот „Subsix“ кој се наоѓа на Малдивите, гостите можат да вечераат покрај морскиот свет. Овој локал се наоѓа 6 метри под водата и неодамна бил трансформиран од ноќен клуб во прекрасен ресторан. Ентериерот е инспириран од подводната околина и морскиот свет кои се претопени во секој детаљ од дизајнот.

(1) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

За да пристигнете до овој ресторан, вие мора да отпатувате со глисер на околу 500-тина метри од брегот. По пристигнувањето, најпрво ве очекува драматично спуштање под вода со неверојатен лифт кој ќе ве одведе директно во ресторанот. Во центарот од просторијата има огромен бар инспириран од школка, додека пак атмосферата на просторот се менува во текот на денот во зависност од осветлувањето. Наутро осветлувањето е бело, за време на вечерата е виолетово, додека пак, доцна во ноќта е сино.

(2) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

Но, она што најмногу го издвојува овој ресторан е близината до океанскиот свет. Неверојатниот дизајн ви овозможува да набљудувате над 90 корални гребени, како и уникатни видови риби за незаборавно искуство.

(3) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет (4) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет (5) Во овој неверојатен подводен ресторан можете да вечерате покрај морскиот свет

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар