Овошни галети: Вкусни летни тортички

Овошни галети: Вкусни летни тортички

Вашиот нов омилен овошен десерт

(1) Овошни галети: Вкусни летни тортички

Потребни состојки:
  • 455 грама несолен путер, оладен
  • 250 грама вода
  • 1,5 лажичка сол
  • 340 грама брашно за сите намени
  • 340 грама брашно за торта
  • Околу 900 грама овошје по ваш избор
  • Шеќер во прав
  • 1 голема жолчка
  • 2 лажички слатка павлака
  • Сиров шеќер, за декорација

(2) Овошни галети: Вкусни летни тортички

Начин на подготовка:

Ставете го путерот во фрижидер на околу 10-тина минути. Стопете ја солта во водата и ставете ја во фрижидер сè додека не ви притреба. На голема и чиста работна маса сипете ги брашната и поставете го врз нив оладениот путер, а потоа покријте го со уште малку брашно. Земете сукало и почнете да поминувате со него напред назад врз брашното сè додека путерот не се издолжи и стенчи, а потоа соберете го тестото во топка и почнете одново. Направете го овој процес 3 до 4 пати.

(3) Овошни галети: Вкусни летни тортички

Откако ќе завршите, направете „дупка“ во центарот на тестото и сипете ја водата со солта. Измешајте ги добро водата и тестото, а потоа направете ги во правоаголна форма пред вас. Фрлете многу малку брашно, а потоа повторно поминувајте со сукалото сè додека тестото не се зголеми двојно, по што треба да го превиткате на половина и да го повторувате целиот процес со сукање и превиткување одново сè додека тестото не стане мазно. Направете го повторно тестото во форма на правоаголник со околу 20 сантиметри дебелина, замотајте го во пластична кеса и оставете го во фрижидер 1 час.

(4) Овошни галети: Вкусни летни тортички

Во меѓувреме измешајте ја жолчката со слатката павлака и подгответе го овошјето. Поделете го тестото на 15 еднакви делови и направете ги во кружна форма, со помалку од 3 милиметри дебелина и вратете ги во фрижидер на 10-тина минути. Поставете врз секое парче малку овошје, оставајќи 20-тина милиметри од страната за да можете да ги превиткате така што делумно ќе го прекриете овошјето. Откако ќе завршите поминете ја секоја галета со смесата од жолчка и испрскајте со малку сиров шеќер.

(5) Овошни галети: Вкусни летни тортички

Поставете ги галетите во сад за печење, но претходно ставете ги уште еднаш во фрижидер, на околу 30-тина минути со цел да ги спречите да се одвиткаат додека печете. Во меѓувреме стоплете ја рерната на 190 степени. Печете ги галетите околу 45 минути, до 1 час, вртејќи го садот на половината од времето. Галетите ќе бидат готови кога ќе добијат златно кафеава боја, а овошјето ќе почне да врие. Сервирајте ги топли.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар