Здрава алтернатива на леб: Рецепт за вкусни кето лепчиња

Без разлика дали ја следите кето диетата или едноставно се чувствувате лошо кога јадете леб, овој рецепт ќе биде одличен за вас. Она што е поинтересно за овој рецепт е тоа што неговите состојки како семето од лен, сусам и псилиум можат да го подобрат вашето расположение. На пример, ленот се нарекува суперхрана поради неговите својства: тој е одличен извор на тиамин, рибофлавин, пиридоксин, фолна киселина, пантотенска киселина и добар извор на ниацин. Исто така, содржи голем број минерали – бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, железо, калциум и цинк.

Заедно со ленот е и псилиумот, кој е еден од најголемите пријатели на варењето на храната. Тој е одличен извор на растворливи влакна, а познато е дека влакната помагаат во регулирање на варењето, го чистат организмот од токсини, го забрзуваат метаболизмот и помагаат при губењето на телесната тежина.

Здрава алтернатива на леб: Рецепт за вкусни кето лепчиња

Потребни состојки:

  • 150 гр брашно од бадем
  • 40 гр псилиум во прав
  • 60 гр кокосово брашно
  • 75 гр мелен лен
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • сусам со кој ќе ги посипете направените лепчиња
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 6 белки
  • 2 цели јајца
  • 480 мл врела вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните. Формирајте топчиња. Од оваа количина смеса ќе излезат околу 9-10 лепчиња.
  2. Наредете ги на хартија за печење. Печете околу 50 минути на 175 степени.

Дополнителна информација:

Кога ќе ги направите лепчињата мора веднаш да ги ставите да се печат. Исто така, користете дигитална вага за мерење на состојките.

Погледнете го и овој рецепт за пуслица ролат со боровинки и малини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар