Храна што предизвикува гасови кај новороденчињата

Сосема е природно новороденчињата да имаат гасови секој ден. Ова е сосема нормална и честа појава, но понекогаш може да се случи бебињата да не се чувствуваат пријатно поради нив. Затоа треба да знаете како да му помогнете на бебето кое има чести гасови.

Храна што предизвикува гасови кај новороденчињата

Иако е многу помало, вашето бебе ја обработува храната на ист начин како вас. Ако знаете дека одредена храна подоцна ви прави проблеми, внимавајте на истата реакција кај вашето дете. Бебињата можат да реагираат различно на храната, а постојат неколку намирници кои можат да бидат причина за гасови кај вашето бебе. Оваа храна се вари побавно, како што се зелениот зеленчук, гравот, но и некои овошја.

Ова е храна на која што треба да внимавате: грав, брокула, зелка, карфиол, овесна каша, кајсии, сливи, праски, круши. Оваа храна обично предизвикува гас, но тоа не е секогаш вина на храната. Запомнете дека бебињата постојано јадат и дека цревата постојано работат.

Еден педијатар вели дека хранливите материи и храната богата со растителни влакна се најдобра храна што можете да ја изберете за да биде мека и правилна столицата на вашето бебе. Подуеноста не е проблем само по себе, но ако предизвика непријатност, разговарајте со докторот на вашето дете.

Прочитајте и дали треба да им се дава вода на бебињата помлади од 6 месеци?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар